Експресно назначен наследник на Енрике
Само неколку часа откако потврди дека Луис Енрике веќе не е селектор на националниот тим, Фудбалската федерација на Шпанија (РФЕФ) објави попладнево дека за негов наследник на должноста е назначен 61-годишниот Луис де ла Фунте.
Енрике ја напушти должноста откако Шпанија претходно оваа недела беше елиминирана на пенали од Мароко во осминафиналето на Светското првенство во Катар.
„Луис де ла Фуенте е нашиот избор за нов шпански селектор“, соопшти РФЕФ.
Де ла Фуенте од 2013 година е вклучен во работата со младите шпански селекции, а од 2018 година беше селектор на репрезентацијата до 21 година со која во 2019 ја освои европската титула, како и сребрен медал на Олимписките игри во Токио. (МИА)
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Левица Градско: Итна еколошка контрола поради загадувањето…
Во центарот на Општина Градско, под плаштот…
Трамп никогаш поостар: Ако го нападне САД,…
Американскиот претседател Доналд Трамп порача дека Иран…
(Видео) Аеродромот во Тел Авив во пламен,…
Израелските одбранбени сили (ИДФ) денес објавија дека…
ДУИ: Злоупотреби на средства од буџетот на…
УИ изразува длабока загриженост за најновиот скандал…
(Видео) Крмов: Имаме скржава власт која одвои…
Пратеникот Борислав Крмов од Левица на седницата…