Екс градоначалникот на Кочани, Димитриовски: Единствено јас реагирав да не се издава лиценца
Со воведни зборови на одбраната во судницата во Идризово денеска продолжи судскиот процес за трагедијата во „Пулс“.
Бранител на Ратко Димитровски, Ангела Соколова
Трагедијата е огромна, сите ние очекуваме вистинска и неискривена правда. Потребна е правда за Кочани која ќе ја добиеме во разумен рок, но потребно е никој виновен да не избегне одговорност, но и никој невин да не биде осуден
Обвинителниот акт е нејасен, кривичниот прогон против Ратко Димитровски започна поради притисок на јавноста. Обвинителниот акт е преседан во досегашната пракса, пред се во изнаоѓање каузална врска помеѓу причина и последица, испитување на каузални текови во тек на 13 години.
Ќе докажеме дека обвинетиот не е виновен за кривичното дело кое му се става на товар.
Доколку опстои овој став на ЈО, неспорно е дека недостасуваат далеку поголем број на обвинети кои се опфатени во Обвинението.
Нема казнена одговорност ако не се утврди дека со своето дејствие ја причинил последицата, како што во овој случај последицата не е предизвикана од обвинетиот Ратко Димитровски, истакна бранителката која смета дека во конкретниот случај ниту едно постапување на обвинетиот од 2012 до 2017 година не може да се поистоветува со сигурност дека ако било преемено ќе се случила последицата во 2025 година.
Со обвинителниот акт обвинетиот се товари дека како службено лице градоначалник, заеднички заедно со Николчо Илиев и Љупчо Папазов не постапиле согласно прописите и мерките на заштита, иако биле свесни дека со нивното непостапување може да настапи свесна последица.
Се поставува прашњето дали може да постои соизвршителство кога сите извршуваат функција во различен период.
Не е исполнет ниту еден услов за Ратко Димитроски да е соизвршител со другите двајца градоначалници.
Во текот на постапката со сигурност ќе го докажеме постапувањето на обвинетиот како човек, градоначалникот не е надлежен над работата и законитоста на угостителски објекти, факт е дека не постоела никаква умисла за извршување на кривичното дело.
За времетраење на функцијата градоначалник од Дејан Јованов е поднесено барање за користење на паркинг простор, а од раководителот на одделение во Општина било одговорено дека на посочените парцели се наоѓаат паркинг простори кои можат да ги користат сите, па и обвинетиот. По сознанија дека таму ќе има дискотека пишува допис до Министерство за економија каде прашува дали дискотеката исполнува услови и дали е издадена или ќе биде издадена лиценца за работа на овој објект. Одговор не е добиен.
Подоцна повторно се постапува дека согласно ДУП на Кочани во пределот нема можност за користење на паркинг услови за други возила, дека овој паркинг простор е наменет за возила од лесна индустрија.
Димитровски има псимено барање за неиздавање на лиценца до ДПИ со следниот текст:
„Во врска со предмет каде даваме известување, а не одобрение, по барање наше до Дејан Јованов за паркинг простор на две катастарски парцели, ве известуваме дека даденото известување се однесува на правни лица кои имаат индустриски капацитети за лесна индустрија, а не за дискотека“, по што бранителката наведе дека во тој допис пишува дека Општината не се согласува таму да има дискотека и е наведено „бараме да не се издава лиценца за дискотека или ноќен клуб“.
Одговор на ова барање не е добиен.
Со ова се преземени сите дејствија кои и не се законски предвидени за градоначалник.
Ратко Димитровски е единствениот човек кој од пред започнувањето со работа, па до трагедијата, пријавил до надлежна институција со изрична напомена со барање за неиздавање на лиценца, а во кој допис е кажано дека лиценца не требало да биде издадена.
Како може да се каже дека овој човек не постапил, испуштил да постапи и дека се согласил да има штетни последици?
Останува неодговорено прашањето зошто ваквото барање е занемарено во текот на годините, Димитровски не го отповикал ова барање, состојбите останале непроменети, зошто надлежните државни органи дозволиле овој објект да работи? Зошто системот останал глув на барањето на Ратко Димитровски? – праша одбраната.
Контрадикторно е самото обвинение, во кое се наведува дека за работата на Пулс не биле известени ДЗС, ДПИ и други дека објектот работи без соодветни услови, а за други обвинети е наведено дека биле запознаени со дописот. Ова е една од конфузиите на обвинението, го цитирав дописнот за да се долови неоснованоста и тенденциозноста кон обвинетиот, наведе одбраната.
Ќе докажеме дека наводното непостапување кое се става на товар на обвинетиот не може да претставува каузалитет за настапување на последицата, не постои обврска која обвинетиот пропуштил да ја преземе. Општината не е надлежен орган за издавање на лиценца за дискотека, ниту за обезбедување било каква согласност, општината нема законски ингеренции по однос на овој вид на објекти. Обвинетиот не одобрил никаква пренамена, реконструкција на објектот која е спротивна на ДУП-от, а такво барање не е ниту поднесено до Општина Кочани. Обвинетиот не можел да спречи уплата од било кое физичко или правно лице на сметка на општината. Обвинетиот нема овластувања на орган за безбедност за да контролира пиротехника или малолетници. Ќе докажеме дека Димитровски не може да биде предмет на обвинение и не е виновен за кривичното дело што му се става на товар, заврши одбраната.
Димитровски се согласи со бранителката и додаде:
Сакам да изразам сочувство до семејствата, тие се мои сограѓани, соседи и роднини. Сум изненаден и никогаш не сум можел да замислам дека ќе застанам на обвинителна клупа за нешто за што ме обвинуваат сега, а единствено јас сум бил против тоа пред 13 години. Неправедно е моите сограѓани да ме гледаат со презир, како некој кој има и минимално учество во оваа трагедија. Оваа конструкција од обвинение е на штета на моето семејство, но на штета најмногу ан тие што загубија најмили.
Едно треба да ни е јасно, не постојат заменски обвинети, не може некој невин да го замени местото на некој кој треба да одговара. Нема правда ако има макар и еден неосновано обвинет.
Во сите сегменти секогаш сум се раководел од принципот ред и дисциплина, ред кој го пропишува законот. Токму тоа го сторив и при првото сознавање дека во Кочани ќе се отвора некаква дискотека. Разбрав дека е поднсесено барање на приватен паркинг, разбрав дека Општината одговорила дека на тие субјекти може да се паркираат сите па и тие, истиот ден се обратив до државниот секретар на Министерството за економија и отворено сум напишал дека некоја компанија има информација за барање на паркинг. Кочани нема официјална информација дали се обезбедени сите услови од страна на компанијата, цитирам „ве молиме да не информирате за сето тоа, далин е издадена или ќе биде издадена лиценца за работа на тој објект“. Единствен во Македонија сум укажал за овој субјект.
На овој допис од 19.10.2012 година до сега немам одговор.
На 05.11.2012 Општина Кочани доставила известување до Дејан Јованов, со која го известила дека е извршен увид на лице место и дека нема можност да се користи паркинг за улсуги што не се лесна индустрија и дека не може да се издаде согласност за ноќен клуб.
Општина Кочани има „барање за неиздавање на лиценца“, во тоа барање е напишано се, има барање да не се издава одобрение и лиценца за што и да треба да биде таму, дискотека или нќен клуб.
Бидејќи овде е вклучено МВР и ДПИ, последно Министерство за економија. Кога државен орган одобрува, градоначалникот нема надлежност да го контролира тоа.
Јас не наоѓам маана на тие што имаат болка, постои маана кај тие што треба да го спроведуваат законот, а не го почитува тоа.
Во ситуација кога државата си задржува одредена власт за себе, не може да се очекува одговорност од локалните власти за таквото непостапување.
Надлежните органи треба по закон да испитаат дали се исполнети условите за лиценца, локалната самоуправа нема никакви ингеренции.
Јас го разбирам ставот на обичниот граѓанин дека градоначалникот треба да е одговорен за се во општината, но во Македонија не е така, зошто државата не дозволи лиценцата да ја издава општината за градоначалникот да биде одговорен?
Ова е измислена одоворност за замајување на јавноста.
Јасно е да било во моја надлежност како ќе сум одговорел, со сигурност ќе кажам, поаѓајќи од тоа што сум реагирал да не се издава лиценца, не да бидам гледан со презир, сега требаше да седам од другата страна како јавност.
Според ОЈО испаѓа дека јас треба да постапувам надвор од Закон и да ги преземам улогите на МВР и ДПИ.
Градежните инспектори ги контролира градежен републички инспекторат, ако требало да контролираат зошто не им било посочено?
Како можеше да се измисли и конструира вакво обвинение е прашње не само мое, туку и на стручната јавност.
Да се внимава со водењето на оваа постапка да не се случи повторно неправда спрема некој, како пред 13 години, кога не добив одговор на моето барање, а потоа следеше силен крик откако 63 лица ги загубија животите.
Одговорно тврдам дека немам никаква вина за овој настан и ќе го докажам тоа во постапката, а пред сите оде давам ветување дека нема на било каков начин да се преземаат преку мене или мојата одбрана да се преземаат дејствија за одлагање на постапката. ОЈО да го повлече обвинението заради спречување на понатамошни повреди.
На обвинителна клупа седнаа 37 обвинети – 34 физички и три правни лица, меѓу кои сопственици, управители, инспектори, поранешни градоначалници, обезбедување и државни службеници. Тие се товарат за тешки дела против општата сигурност поради пропусти што директно довеле до трагедијата.
Паралелно со главниот процес, тече и посебна постапка против полициски службеници за давање лажни уверувања и дозволување на работа на дискотеката без исполнети минимално-технички и безбедносни услови. Изминатата недела Обвинителството отвори постапка и против група вработени во УЈП осомничени за мито и злоупотреби поврзани со истиот случај.
Процесот го води судечки совет чиј претседател е судијката Диана Груевска Илиевска.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Екс градоначалникот на Кочани, Димитриовски: Единствено јас…
Со воведни зборови на одбраната во судницата…
(Видео) Родителите со транспарент пред судницата во…
Денеска продолжи судењето за трагедијата во кочанската…
По трагедијата бев во болница, ме викнаа…
Со воведни зборови на одбраната во судницата…
„Не може овластен градежен инспектор со неизвршен…
Со воведни зборови на одбраната во судницата…
Продолжи судењето за „Пулс“ – Обвинетиот Георгиев…
Со воведни зборови на одбраната во судницата…