Екс-инженер на Гугл: До 2030 луѓето ќе бидат бесмртни
Реј Курцвеил, поранешен инженер на „Гугл“ познат по своите футуристички предвидувања, тврди дека луѓето ќе станат бесмртни до 2030 година благодарение на научниот напредок во областа на генетиката, нанотехнологијата и роботиката.
Курцвеил зборуваше за тоа за YouTube каналот Adagio, а странските медиуми потсетуваат дека бил доста добар во прогнозите во претходните децении, бидејќи 86 проценти од 147-те работи што ги објави се оствариле.
Сега Курцвеил верува дека човечката раса ќе постигне бесмртност благодарение на наноботите кои го менуваат процесот на стареење.
Тој објаснува дека овие мали роботи ќе можат да ги поправат оштетените клетки кои изумираат како што телото старее и дека ќе им овозможат на луѓето да бидат имуни на болести како што е ракот.
Во 2012 година, Гугл го ангажираше Курцвеил да работи на нови проекти кои вклучуваат машинско учење и обработка на јазици, а долго пред тоа тој јавно ги објавуваше технолошките откритија.
Така, во 1990 година, тој предвиде дека до 2000 година компјутерот ќе победи во шаховска партија на најдобриот шахист во светот, што се случи уште порано од неговите очекувања, бидејќи во 1997 година компјутерот „Deep Blue“ го победи Гари Каспаров.
Курцвеил, исто така, направи неверојатна проценка во 1999 година дека до 2023 година компјутер од 1.000 долари ќе ја има компјутерската моќ и распонот на меморијата на човечкиот мозок, што никогаш не се случило.
Тој се опишува себеси како футурист и тврди дека до 2029 година вештачката интелигенција ќе го помине Туринговиот тест со кој испитувачот одредува дали комуницира со компјутер или човек за време на разговор, односно дека нивните нивоа на комуникација ќе се изедначат.
Покрај тоа, Курцвеил верува дека до 2045 година ќе се постигне технолошка сингуларност, што е термин за моментот кога машината ќе достигне интелигенција која е еднаква или ја надминува онаа на луѓето.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Франција го казнила Гугл со 250 милиони…
Француското тело за набљудување на конкуренцијата во…
Суд во Москва го казни Гугл затоа…
Суд во Москва денеска го казни Гугл…
Екс-инженер на Гугл: До 2030 луѓето ќе…
Реј Курцвеил, поранешен инженер на „Гугл“ познат…
Гугл контра Врховниот суд: Вработените ако сакаат,…
После одлуката на Врховниот суд на САД практично…
ШОК: Гугл поднесе барање за банкрот во…
Руската филијала на Гугл објави дека има…