Екс-министерот направи потег без преседан! Се што потрошил врати до денар во буџетската каса – ќе ги врати ли парите Мицкоски од патувањето со бизнис класа?

t

Откако пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Бране Петрушевски на прес-конференции во партиското седиште го обвини екс-министерот Наим Бајрами дека го оштетил буџетот за 200 илјади денари за репрезентации, поранешниот министер експресно реагираше и направи потег без преседан во историјата на Република Македонија.

Имено Инфомакс го контактираше министерот со барање за објаснување што впрочем се случувало за време на неговиот мандат и за која цел бил потрошени овие буџетски средства.

Во разговор со нашата екипа, министерот истакна дека тој целиот свој живот работи во приватниот сектор, плаќа даноци на оваа држава и единствена мотивација за негово активно учество во политиката и зошто прифатил да стане министер за информатичко општество и администрација е со цел да го подобри животниот стандард на граѓаните и дополнително да придонесе за државата.

Бајрами, вели дека ниту еден денар не потрошил за себе, туку за сите пари кои се потрошени додека бил министер имал фискални сметки и сета потребна документација. Тој за Инфомакс додава дека тие пари биле потрошени за репрезентација при пречек на делегации и колеги министри од соседството и светот.

-Моите трошоци не биле за лична употреба, немам купено одела и кравати, а ниту за дома сум купувал од маркет. Тие се документирани трошоци и како такви се употребени за мојата активност како министер! И покрај тоа што нема ништо незаконско во трошењето, а најмалце злоупотреба на народни пари, сепак во комуникација со службите во министерството им дадов до знаење дека се што е како трошок сам ќе го покријам и тие пари на оние кои плаќаат данок, од морални причини и политичка коректност ќе ги вратам! ВМРО избрза со прес конференцијата знаејки го овој факт, со цел оцрнување на мојот личен имиџ а и партиска припадност! Еве денеска ги вратив парите од трошокот, за да ме ги мислат тие пари кога ке го реализираат кредитот од Орбан! Да видиме тие колку се транспарентни, а богами гледаме колку се транспарентни, вели Бајрами за Инфомакс.

Но она кое што е преседан е фактот што Бајрами денеска до денар сите пари потрошени во негово време како министер ги врати во буџетот на Република Македонија.

Сега се поставува прашање дали Владата на Република Македонија и сите министри се подготвени да се откажат од парите за репрезентации, патни трошоци и дневници?

Опозициската СДСМ обвинуваше дека лидерот на ВМРО – ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, се луксузира со парите на граѓаните трошејќи од 4 до 5 илјади евра за патувањето во Вашингтон во бизнис класа за него и за министрите кои беа на патувањето.

Мицкоски пак потврди дека за Вашингтон патувал со бизнис класа објаснувајќи дека причината поради го сторил тоа биле болка во колената. Што значи дека само за патувањето до Вашингтон за авионски карти Владата на Мицкоски потрошила минимум 20 илјади евра, а Инфомакс се уште чека одговор колку чинело целото патување на 21 член на делегацијата на чело со Мицкоски. Претпоставката е дека целото патување ја чинело државата најмалку 200 илјади евра.

Претседателот на Собранието пак, Африм Гаши како што пренесе Инфомакс за своето патување во Вашингтон на НАТО самитот потроши 20 илјади евра.

Министерката за финансии Гордана Кочовска Димитриовска на брифинг со новинарите беше прашана и дали ќе се намалат функционерските плати кои лани по одлука на Уставниот суд се зголемија за 78%. Сега министер во владата зема 115 илјади денари нето плата и плус додаток за стаж кој е 0,5% за секоја година на работа.

Кочоска не гледа решение во намалувањето на функционерските плати бидејќи вели дека особено министрите работат многу и напорно додека други се одмараат на викенди и празници.

-Не знам што ќе правиме, но ако планираат да ги намалат јас заминувам, децидно кажа министерката за финансии Кочоска.

-Знаете зошто. Еве, 115 илјади денари е плата на министер. Јас приватно работев и повеќе заработував. Не мора да бидам тука, нека дојде друг тука да се справува, додека се тие по одмори, јас и сабота и недела бев на работа. И немав платено прекувремено. Прашајте по институции со дополнително управни одбори колку земаат, прашајте фамилијарно колку земаат и како се врзани и што прават, рече Кочоска.

-Дајте ми една причина, министри со вакви нервози и стресови-зошто треба да останам. А најмногу се критикувани од новинарите и не се лутам за тоа. Проблем се директо(рчиња)рите, оцени Кочоска.

Сега на потег се министрите на ВМРО-ДПМНЕ, ВРЕДИ и ЗНАМ како и сите институции предводени од овие партии, предизвикот е да не потрошат ниту еден денар за репрезентации и се што имаат потрошено до сега да вратат во буџетската каса. Дополнителен предизвик за новата Влада ќе биде и намалувањето на платите како што ветуваше од опозиција и покрај негодувањето на министерката за финансии на која платата од 2 илјади евра месечно очигледно и е малку.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Екс-министерот направи потег без преседан! Се што…

Откако пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Бране Петрушевски на…

Кумановецот Џенгиз Мусљиу баран со меѓународна потерница…

Обвинителството во Тирана одлучи да се обрати…

Министерство за одбрана на Русија: Руската армија…

Министерството за одбрана на Русија денеска соопшти…

Нов инцидент: Косовската полиција запре комбе на…

Косовската полиција на преминот Јариње запрела комбе…

Харадинај: Курти пред да го убие српскиот…

Претседателот на Алијансата за иднината на Косово,…