ЕК ги истражува Фејсбук, Тему, ТикТок, Инстаграм и Али Експрес за кршење на европските правила

t

Европската комисија покрена 10 истраги против социјалните мрежи поради сомневање за кршење на европските правила со нивната активност. Ова го соопшти потпретседателката на ЕК и еврокомесар за безбедност и демократија Хена Виркунен на сослушувањето во Европскиот парламент во Стразбур, посветено на обидите за надворешна интервенција во ЕУ.

„Демократијата е загрозена од надворешно мешање“, рече Хена Виркунен и ги посочи Фејсбук, Инстаграм и Тикток како примери. Слободните и фер избори се темелот на европската демократија, додаде таа.

Според неа, европското законодавство воведува јасни одговорност за онлајн платформите со потреба од наметнување мерки и промена на алгоритми за надминување на заканите.

„Ова не е цензура, туку ефикасен механизам за отстранување на содржината недозволива според европското законодавство, која ја штити слободата на изразување“, објасни потпретседателката на ЕК.

Виркунен истакна дека комисијата покренала една истрага против „Икс“, три против „Тикток“, една против „Али експрес“, две против „Мета“ и една против „Тему“. Таа додаде дека во последните денови ЕК побарала од „Икс“ да започне со зачувување на податоците за промени во алгоритмот за препорачување на содржина.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Албанија одлучи целосно да го забрани ТикТок

Албанската влада денеска донесе официјална одлука за…

Албанија ја блокира апликацијата Тик-Ток

Албанскиот премиер Еди Рама изјави дека платформата…

Маск: Не сум заинтересиран да го купам…

Како еден од потенцијалните купувачи на TikTok…

Microsoft преговара за преземање на TikTok

Американскиот претседател Доналд Трамп сугерираше дека Microsoft…

ЕК ги истражува Фејсбук, Тему, ТикТок, Инстаграм…

Европската комисија покрена 10 истраги против социјалните…