ЕК до транспортерите: Правилата важат за сите, нема исклучоци – Макам транс: И без активна блокада ќе има празни рафтови

t

Користете ги постојните законски механизми за влез во Шенген-зоната – им порача Европската комисија на балканските превозници. Брисел вели дека ги разбира проблемите на возачите од Западен Балкан, но правилата важат за сите и исклучоци нема.

„Во овој контекст ги охрабруваме партнерите од Западен Балкан да ги користат можностите за долгорочни визи и дозволи за престој, како и флексибилностите предвидени во шенгенските правила, особено во однос на правилата за прекуграничните работници“, вели Гијом Мерсие, портпарол на Европската комисија.

Транспортерите по пораката од Брисел, надеж гледаат во вториот состанок на работната група, на 23 февруари и се надеваат дека ќе ја убедат ЕУ дека камионџиите не може да се третираат како туристи и мигранти. Велат во меѓувреме лобираат, но и ги проверуваат опциите кои им ги нуди Брисел, кои велат не се применливи.

„Ако го признава возачот како професионалец секое понатамошно сметање на денови како да е туриста, како да е мигрант, посетител нема логика“, изјави Муратовска од Асоцијацијата Макам транс.

„До сега имаме добиено одговор од Шпанската и Унгарската амбасада, во кој што велат дека нивните визи се ограничени на 80 на 190 дена и важат само на нивната територија. Што значи не одговараат на она што го препорачуваат од Европската комисија“, вели Муратовска.

Дали ќе има протести и блокади на границите не се знае. Муратовска вели, секоја држава сама ќе одлучува, но ќе одлучат и самите транспортери кои ги застапува.

„Блокадата дали е активна или пасивна е блокада. Меѓутоа, она што го гледам по продавнициве деновиве и недостатокот на многу стока, веќе покажува дека имаме проблеми на секое ниво, затоа што превозите се забавени, што значи кога немаш многу активни возачи, многу помал број на возила се движат и доопремуваат репроматеријали и стока за широка потрошувачка“, рече Муратовска.

Како привремена мерка, превозниците предложиле да не се бројат деновите поминати во транзит со цел да не добиваат црни печати поради правилото 90 дена во 180. А како трајно, ако веќе се признаваат како професионалци, да добијат третман како пилотите и машиновозачите, кои се изземени од новиот електронски систем за влез и излез.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ЕК до транспортерите: Правилата важат за сите,…

Користете ги постојните законски механизми за влез…

18.000 вработени во основното образование конечно добија…

По неколкудневно доцнење, јануарската плата за вработените…

Ова се бројките на вработени во јавна…

Од вкупниот број на вработени во јавниот…

Украина им плаќа на војниците да замрзнат…

Соочена со тешка демографска криза, која руската…

ДУИ му поднесе кривична на Филков

ДУИ му поднесе кривична пријава на министерот…