ЕК си постави ултиматум сама на себе: Македонија ќе добие датум во јуни?

t

За прв пат денеска Европската Комисија се изјасни за временски рок за одржувањето на првата меѓувладина конференција со Македонија и Албанија, за време на презентацијата на извештајот на европратеникот Илхан Ќучук, јави дописничката на МИА од Брисел.

Во име на Европската Комисија се огласи еврокомесарот Дидие Рејндерс, кој го заменуваше Оливер Вархеји попладнево во Европскиот Парламент. По воведот на известувачот за Македонија, Илхан Ќучук, на неговата резолуција за земјата, Рејндерс повика преговорите со Македонија, како и со Албанија, да започнат пред крајот на француското претседателство, на 30 јуни.

-Земјите членки на ЕУ донесоа одлука во март 2020 да ги отворат преговорите со Албанија и Северна Македонија, сега е време да се испорача и официјално да се отворат со двете земји пред крајот на француското претседателство, изјави еврокомесарот.

Тој додаде дека ова е најсилниот сигнал што ЕУ може да му го испрати на целиот Западен Балкан.

Пред два дена и високиот претставник за надворешна политика на ЕУ, Жозеп Борел, даде временски рок кога треба да започнат преговорите со Македонија и предупреди дека доколку тоа не се случи до крајот на француското претседателство ќе се отвори сериозен проблем помеѓу ЕУ и целиот регион.

До сега Европската Комисија никогаш не се изјаснуваше за рокови во однос на отпочнувањето на преговорите со Скопје и Тирана, користејќи го изразот „што е можно поскоро“.

Европската Комисија изрази подготвеност да помогне во изнаоѓање решение за надминување на спорот помеѓу Македонија и Бугарија.

Известувачот Ќучук од своја страна предупреди дека „времето не е на ничија страна“ во овој спор.

-Ова е губитничка ситуацијата за Бугарија, за Македонија и за ЕУ, порача известувачот и ги повика Скопје и Софија да најдат заеднички прифатливо решение за да може да се одржи првата меѓувладина конференција, со што ќе им се даде перспектива на македонските граѓани.

За Ќучук, одолговлекувањето на почетокот на преговорите со Македонија има негативно влијание и врз геополитичкиот контекст.

Тој додаде дека ова се историски времиња кои бараат лидерски одлуки, а не следење на јавното мислење.

Извештајот на Ќучук го поздравува реформскиот напредок во земјата, со низа забелешки за состојбата со медиумите, цивилното општество, изборниот законик, меѓу другото. Најспорно во извештајот се поднесените амандмани во врска со спорот со Бугарија. Извештајот и амандманите ќе се усвојуваат утре попладне во Брисел.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Активни се пожарите во Чашка, Велес, на…

РЦУК Велес, известува дека шумски пожар на…

Изгубено 3-годишно девојче во Неа Флогита, се…

Во познатото туристичко место Неа Флогита, Грција…

(Видео) Претседателката ќе чека новата влада да…

Сиљановска ќе почека да се формира новата…

ДУИ му помогна на Мицкоски за двотретинско…

Со 88 гласа “за” пред 3 часот…

Американската амбасада ќе ги подобрува односите помеѓу…

Аташето за култура и образовани на САД…