Електричните автомобили ќе чинат загуба на стотици илјади работни места
Секој голем производител на автомобили сега го зголемува производството на електрични возила, со планови за дополнително проширување на својата гама, постепено укинувајќи ги моторите со внатрешно согорување. Но, оваа транзиција може да доведе до губење на стотици илјади работни места кои ќе станат вишок поради употребата на нови технологии и производствени процеси.
Инженерите во Ford и Volkswagen проценуваат дека производството на електрични автомобили ќе бара 30% помалку работна сила од возилата со фосилни горива. Конкретно, Ford веќе планира да укине 8.000 работни места, објави Business Insider.
Консултантската компанија AlixPartners тврди дека електричниот мотор и батеријата бараат 40 отсто помалку труд од моторот и преносот на традиционалните возила на бензин и дизел.
Според студијата на Институтот за економска политика во Вашингтон, американската автомобилска индустрија би можела да укине 75.000 работни места до 2030 година доколку уделот на домашната продажба на електрични возила се зголеми на 50%. Во моментов, ова учество е околу 5%.
Европските производители проценуваат дека брзата електрификација на автомобилската индустрија може да ги чини 275.000 работни места до 2040 година, дури и со додавање на нови работни места поврзани со производство на делови за електрични автомобили.
Транзицијата кон електрични возила во Европа до 2030 година ќе резултира со губење на 630.000 работни места меѓу производителите на автомобили и добавувачите на автомобилски делови за мотори со внатрешно согорување, според проценките на „Boston Consulting Group“. Во исто време, фактори како што се зголемената побарувачка за батерии, развојот на инфраструктурата за полнење итн. ќе отвори 580.000 нови работни места.
„Додека основната автомобилска индустрија сигурно ќе доживее значителни загуби на работни места, некои од новите индустрии кои поддржуваат електрификација ќе забележат огромен раст на работните места“, се вели во соопштението на Boston Consulting Group.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Оштетени кровови, автомобили, откорнати дрвја: Последици од…
ЦУК: 1 635 повици на 112 во…
Ова се седумте најскапи автомобили во светот!
Дали сте милијардер во потрага по следниот…
(Видео) СТРАШНО: Воз разнесе автомобили спремни за…
Воз во Соединетите американски држави го закачи…
(Фото+видео) Скршени дрвја уништија автомобили низ Скопје
Откорнати и паднати дрвја од големото невреме…
Вие гответе во мали тенџериња: Државни институции…
Антикорупциска одлучи да го запре постапувањето, со…