Елена Ристеска со добри вести за скопјани: Облечете се топло, ве чекам!
Пејачката пред камерата на Бекстејџ, се потсети на последните денови кои ги поминала со својот херој татко, како што го нарекува таа, но со солзи во очите зборуваше и за предвременото раѓање на нејзината внука Делфина и неспокојот кој што го чувствувала додека чекала вести во болница за нејзината состојба.
– Кога ќе се осврнам кон минатото, единственото нешто што ме погодило биле траг-едиите кои што ми се случиле.
Мојата внука Делфина се роди предвремено, се роди буквално во седмиот месец од бременоста кој беше доста ризичен и за неа и за сестра ми, и само тоа може да ме погоди.
Емотивна, да, сè уште можам да бидам кршлива, но само за најблиските и за неправдите генерално што се случуваат во Македонија.
Ќе ви направам уште една паралела, дали човек треба да се замара со малограѓанските муабети после онаа слика која што стои во мене, сликата на моите последни денови со мојот татко.
Тоа беше херојот на мојот живот кој што всушност после тоа бараше спас во мене, детето кое што го научил да оди и да зборува…
I гледате одеднаш во неговите последни денови еден скелет кој се движи и не може да стаса до својот тоалет – раскажа Елена во „Бекстејџ’ со солзи во очите.
Како што е познато, сестра ѝ на Елена, Драгица е ликовен уметник. Нејзината сестра зборувалa за својата уметност, во интервју за Женски Maгазин, ама раскажала и нешто интересно за Елена.
Нејзина прва љубов била Академијата за ликовни уметности, која ја заврши уште во 2006 година, во класата на Рубенс Корубин, и се здоби со диплома на професор по сликање и ликовен уметник“, стои во текстот.
„Низ годините гледав никогаш да не се откажам од уметноста, учествував на бројни конкурси, изложби и хуманитарни настани во земјава и странство.
-Безрезервна поддршка добивам од целото мое семејство низ годините особено од моите родители и сестра ми. Елена знае да откаже и патување, само за да присуствува на моја изложба.
И до сега таа нема пропуштено ниеден настан, дали овде или во странство. Сликарството беше нејзина желба уште од мала, но со тек на годините некако се тргна од тоа и целосно се посвети на музиката.
Морам да признаам дека голема поддршка имам и од луѓето кои ме опкружуваат, со кои го пијам утринското кафе, колеги, пријатели, роднини…
И најинтересно е што не е важно каде правам изложба, секогаш наоѓаат начин да присуствуваат“, изјавила за Женски Магазин оваа уметница.
Елена Ристеска и Ламбе Алабаковски се долгодишни пријатели и колеги, а тие двајца оваа година се видоа за првпат по седум години и евоцираа спомени од нивните почетоци на естрадата и времето во кое како што раскажаа биле како брат и сестра.
Се споија во емисијата „Еден на Еден“ со Жаре и со многу емоции испејаа дел од нивните најголеми хитови“, објави Женски Магазин, кога Ламбе се врати од Америка.
Она што Ламбе ѝ го кажал на Елена како комплимент по толку години е: „Убава си, не се давај!“
-Евросонг е за мене едно убаво искуство. Пеам во Атина, 2006, бо рба тешка да биде Македонија, да не биде ФИРОМ, да биде барем Македонија, да има едно ФИР, па да има Македонија да пишува. Значи, тешка бо рба на целата екипа.
Ова го зборувам бидејќи не го знаат многу луѓе, која бор ба била тоа да се настапува под своето име и да се наречеш Македонка во Грција. Добивме интерна информација дека тогаш сум добила 11.000 гласа од Грција.
А, не добив ни еден глас. Ај, јас што не доби, Кипар имаше 100 и нешто илајди гласа, не доби ни еден глас“, рече Елена.
Потоа, Тони Михајловски ѝ даде идеја: Дали ќе ми бидеш пратечки на Еврвозија? Имам идеја да се соблечам г ол и да молчам на сцена три минути. Вие не треба да бидете голи“, рече Михајловски со смеење.
-Прифаќам да бидам твој пратечки, само не знам што, бидејќи не можам да кажам вокал. Јас мислам да бидам во купаќи. Битно е да се наредиме позади“, рече Елена смеејќи се.
Елена на својот профил кажа многу убава вест која ги израдува нејзините обожаватели. Во кратко видео кое го објави на Инста рече:
„Драги мои, на 31 декември, на плоштадот во Скопје, Ве очекувам заедно да ја прославиме 2023-та година, со мојот бенд и со моите колеги од естрадата.
Конечно, македонска музика на нашиот плоштад ќе ечи. Затоа, облечете се топло и дојдете заедно да прославиме. Ве очекувам и Ве сакам,“ рече Елена во видеото.
Едно нешто што можеше да се забележи кај нашата Елена е тоа што таа многу интересно ја стилизирала нејзината фризура која ѝ стоеше феноменално, но беше и топ дотерана во сако со отворено деколте.
На фановите им вели „Облечете се топло“, а таа се открива, па има што да покаже.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Герасимов: Запрено е напредувањето на украинските сили…
Напредувањето на вооружените сили на Украина длабоко…
Рускиот опозициски активист: Украина е жртва на…
Рускиот опозициски активист Илја Јашин вели дека…
Во Брисел е нападнат амбасадорот на Азербејџан…
Амбасадорот на Азербејџан во НАТО и неговата…
Немаме сознанија, ќе го контактираме Киев –…
Соединетите Американски Држави планираат да ја контактираат…
Вечна им слава на ХЕРОИТЕ! 23 години…
И по 23 години од случувањата на…