Објавено на:

Елмас: Имаме 90 минути да го исполниме детскиот сон на целата држава – Ваква шанса не смее да се пропушти!

t

Репрезентацијата на Македонија го одработи последниот тренинг на скопско тло и попладнево ќе патува кон Португалија за бараж финалето за пласман на Мундијалот. Во составот се враќаат Ељиф Елмас и Тихомир Костадинов, кои беа суспендирани и не играа во Палермо со Италија.

Токму Елмас е нашето најсилно оружје, а пред патувањето кон Порто се обрати до јавноста. Момчето од Бутел беше скромно како и секогаш, Ељиф најави борба, посочи дека се свесни колку се близу до детскиот сон и шансата не смее да се испушти.

„Искрено ова можеби ќе биде еден од најтешките натпревари, највозбудлив за сите играчи што сме тука. Имаме 90 минути да си го исполниме детскиот сон, не само наш, туку и на цела држава. Едноставно мора да знаеме дека шансата не смееме да ја пропуштиме и треба да изгинеме на терен за да успееме да стигнеме до Катар.

Ќе биде многу поразличен натпревар од тој во Палермо, бидејќи Португалија индивидуално сметам е поквалитетна. Би сакал, но знаат дека сме во финале и не смеат да не потценат. Од секој аспект ќе биде поразлично, ова е финале и 90 минути нè делат двете репрезентации од Мундијал“, изјави Елмас.

Пресметката на „Драгао“ меѓу Португалија и Македонија е закажана за во вторник со старт во 20:45 часот.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

СДСМ: Историски шамар за ВМРО-ДПМНЕ од сопствените…

СДСМ оценува дека денешното однесување на Европската…

(Видео) Никакво рационално објаснување зошто се чекаше…

Нема никакво рационално објаснение зошто после полни…

Вајц: Бев мета затоа што одбив да…

Тој се пожали дека бил цел на…

Важно известување: АХВ со нови мерки за…

Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) воведе…

Не ги изедначувајте празниците:Задушницата е за спомен…

Граѓаните честопати ги изедначуваат празниците Задушница и…