Елмас им се извинуваше на Италијанците и на цела Европа за лошата состојба на теренот
На стадионот „Тоше Проески“ во Скопје, во рамките на групата Ц од квалификациите за Европското првенство следната година, репрезентациите на Македонија и Италија одиграа 1-1, а македонскиот играч за врска Ељиф Елмас беше револтиран од состојбата на теренот.
Потсетуваме, Италија беше подобра од самиот почеток и создаде три-четири одлични шанси веќе во првото полувреме, но домашната мрежа остана „сува“. Најдобрата шанса ја имаше Тонали, кој ја погоди стативата во 20. минута.
Италија поведе на самиот старт од вториот дел. Повторно се затресе рамката на домашниот гол, тие погодија по одличен волеј удар на Барела. Сепак, капитенот Имобиле беше на вистинското место на кого му се одби топката, а напаѓачот на Лацио лесно погоди за 1-0.
Сепак, Италијанците не ја задржаа предноста до крајот, а ги шокираше Барди, кој во 81. минута постигна прекрасен гол од слободен удар за конечни 1-1.
„Тоа е одличен резултат, бидејќи игравме на искрено срамен терен. Можам само да им се извинам на сите Италијанци, на цела Европа. Не можете да играте фудбал на ваков терен. Тоа беше проблем за нас колку што беше проблем за Италија“, изјави Елмас за РАИ Спорт..
Како играч на Наполи, Елмас добро ја познава работата на италијанскиот селектор Спалети и затоа знаеше дека ќе излезе со формација 4-3-3 и различни концепти во репрезентацијата откако го замени Роберто Манчини.
„Видов многу работи кои Спалети ги направи со нас во Наполи, па бевме подготвени. Бев со него две години, па знам некои работи“, истакна тој по мечот.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
(Видео) Никакво рационално објаснување зошто се чекаше…
Нема никакво рационално објаснение зошто после полни…
Вајц: Бев мета затоа што одбив да…
Тој се пожали дека бил цел на…
Важно известување: АХВ со нови мерки за…
Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) воведе…
Не ги изедначувајте празниците:Задушницата е за спомен…
Граѓаните честопати ги изедначуваат празниците Задушница и…
САД, Италија, Романија и Бугарија одржуваат голема…
Единици на САД, Италија, Бугарија и Романија…