ЕМА пpедупредува: Бустер дозите може лошo да влијаат врз имунитетот
Како што стои ситуацијата моментално ЕМА смета дека би било добро да се оди кон сезонска вакцина како и да се разгледуваат други алтернативи од типот на мултивалентни вакцини отпорни на сите соеви, а не само вакцина отпорна на омикрон.
Европската агенција за лекови на редовната прес-конференција денеска порача дека четврта доза вакцина за сега не се препорачува за здравото население, јави дописничката на МИА од Брисел.
Докторот Марко Кавалери од Европската агенција за лекови (ЕМА) објасни дека бројни бустер дози на вакцината против Ковид-19 на краток рок не се одржливи за населението на долг рок, не само поради заморот што ќе го почувствуваат луѓето, туку и поради последиците врз имунолошкиот систем.
– Повторување на бустери на краток рок може да ги намали антителата бидејќи на имуниот систем му е потребно време да реагира – рече Кавалери и предупреди дека постојани бустери може да ја направат вакцината помалку ефикасна.
Регулаторите сè уште ги разгледуваат клиничките докази и ќе ја информираат јавноста навремено за своите наоди. Како што стои ситуацијата моментално ЕМА смета дека би било добро да се оди кон сезонска вакцина како и да се разгледуваат други алтернативи од типот на мултивалентни вакцини отпорни на сите соеви, а не само вакцина отпорна на омикрон.
Што се однесува до третата доза, ЕМА ја препорачува без задршка, бидејќи иако омикрон сојот успева да ја избегне вакцината, таа сепак останува ефикасна против тешки облици на Ковид-19 и хоспитализација.
Кавалери денеска исто така информираше дека состојбата во ЕУ со Ковид-19 во овој момент не е добра: бројот на новозаразени расте поради омикрон сојот што доведува до силен притисок врз болниците.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Вучевиќ е позитивен на Корона, пред неколку…
Премиерот на Србија, Милош Вучевиќ е позитивен…
Бајден позитивен на Ковид
Претседателот на САД, Џо Бајден, се тестираше…
Грчките здравствени власти предупредуваат на наглото зголемување…
Властите во Грција предупредуваат на зголемено ширење…
БЕЛГИСКИ СУД: На 17 мај рочиште за…
Основниот суд во белгискиот град Лиеж за…
Превентивни мерки против Ковид-19 во грчките училишта
По зимскиот распуст поради новогодишните и божиќните…