Ембарго на руска нафта и гас би можело да ја чини Европа и до 900 евра по глава на жител
Порано или подоцна, ЕУ ќе мора да воведе санкции за рускиот гас и нафта.
Ова вчера го соопшти претседателот на Европскиот совет, Шарл Мишел, пред европратениците на пленарната седница во Стразбур.
Ова „порано или подоцна“ на Мишел се толкува како слабост на членките кои се премногу зависни од руските енергенси. Повеќето во тоа ја гледаат немоќта на Европејците, додека други, помалку на број, сепак велат дека е помината „волшебната линија“, со навлегување во санкциите во енергетскиот сектор, макар тоа било само јаглен.
Претставниците на ЕУ во средата разговараа за новиот пакет санкции против Москва, а консензусот, кога станува збор за енергијата, беше пронајден во јагленот. Зашто, масовното санкционирање на руската нафта, а особено на гасот, се смета за „пукање во сопствената нога“.
Според некои проценки, ваквиот потег би го чинел секој граѓанин на ЕУ. Во Франција, која увезува само 17 отсто од рускиот гас и 13 отсто од нафтата, овој енергетски цех би чинел меѓу 70 и 105 евра по глава на жител. Но, во Германија, која 55 отсто зависи од гасот и 34 отсто од нафтата што ја испорачува Москва, секој жител на Германија би имал дополнителни годишни трошоци од 100 до дури 900 евра, во зависност од степенот на санкциите за гасот и нафтата. пишува „Новости“.
Некои земји од ЕУ, како Франција, Италија и Шпанија, би ја платиле оваа мерка со намалување од 0,15 до 0,20 отсто од БДП, но некои кои во голема мера зависат од руската енергија, како што се Чешка, Словачка, Бугарија, Литванија или Финска, дури со пет проценти.
Во Брисел, но и во европските метрополи, исто така постои голем страв дека Русија, лута поради растечките санкции, нема целосно да ја затвори славината за гас, дури и на кратко, што би било погубно за многу европски економии.
На дневен ред вчера беа и санкциите во областа на логистиката, банките, влезот на руски бродови во пристаништата на ЕУ и извозот на технологија.
Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави во средата, за време на видео обраќањето во ирскиот парламент, дека не може да толерира каква било неодлучност од страна на западните земји да воведат нови санкции „по сето она што го направија руските сили“.
Зеленски ја повика Ирска да ги убеди своите партнери од ЕУ да воведат построги санкции кон Русија.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Путин ќе ги смирува Туpција и Сиpија:…
Организирањето на средба меѓу претседателите на Турција…
Русија прогласи вонредна состојба во Курск
Русија прогласи вонредна состојба во пограничниот регион…
Американскиот Стејт департмент ја осуди блокадата на…
Стејт департментот набљудува како руските власти постојано…
Кандидатот за потпpетседател на Тpамп: Амеpика не…
Тврдењата на актуелните американски власти за наводна…
Се јави Медведев и тоа со закана,…
Русија треба да ја направи својата специјална…