Објавено на:

Емотивно интервју на украинската прва дама: Првиот ден од војната нè однесоа во бункер на доверлива локација

t

Сопругата на украинскиот претседател Володимир Зеленски, Олена Зеленска, во интервју за „Фајненшл тајмс“ проговори за нивната прва реакција на почетокот на руската специјална операција.
Според неа, кога се разбудила, Зеленски веќе носел костум и вратоврска.

„Кога прашала што се случува, тој одговори: „Започна“, се вели во написот.

Зеленска брзо ја спакувала торбата и се сокрила во бункер, пред да биде однесена на место чија локација е доверлива.


Русија спроведува специјална воена операција во Украина. Нејзината цел Владимир Путин ја нарече заштита на луѓето кои осум години биле подложени на малтретирање и геноцид од режимот во Киев. За ова, според него, се планира да се изврши „демилитаризација и денацификација на Украина“, да се изведат пред лицето на правдата сите воени злосторници одговорни за крвавите злосторства врз цивилите во Донбас.

Владимир Путин, на прес-пристап по состанокот на Државниот совет, тој рече дека Русија никогаш не ги одбила преговорите со Украина, а властите во Киев сами си го забраниле тоа „што изгледа малку необично, па дури и чудно“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Канада ќе обезбеди воена помош за Украина…

Канада објави нов пакет одбранбена помош за…

Путин да се фокусира на мирот во…

Италијанскиот министер за надворешни работи Антонио Тајани…

САД се подготвуваат да копаат литиум во…

Украинските власти ги презедоа првите чекори за…

Украина и Австрија ќе ја зајакнат соработката…

Министрите за надворешни работи на Украина и…

Црна Гора испраќа војници во Украина!

Црногорскиот парламент усвои одлука за испраќање припадници…