Ендемски хомокретенизам: Бугарија ни нуди ѓубре од минатото како цвеќе – крвник кој го обезглави македонското револуционерно, национално и ослободително движење
Фашисти и фашизам во Битола на сред Широк сокак!
Сведоци сме на ѕвездените моменти на бугарскиот политички дилентантизам и на нивната расипаност. Секако, тука мислам на забеганите блгарски политици, а не на бугарскиот мирољубив народ . Дефинитивно денешната бугарска политика не може без апсурди и парадокси. Бугарските политичари тргнаа против сета реалност и историска логика и ни приредија културен шок во Битола на Широк сокак – го воскреснаа фашистот Иван Михајлов.
Замислете, ви се молам, преку него, со нас, ќе граделе добро соседство на највисоко можно културно ниво. Па луѓе мои, тоа го имаше само кај/со Хитлер и Мусолини. А знаеме, тоа беше и остана пред политички стадиум на варварство и антихуманизам. И веднаш ин медија рес мојата дефиниција за нив и нивниот недобронамерен чин: Чист фундаментализам на дебилитетот(авторство на Светислав Басара). Добро, еве ја и дијагнозата: Ендемски хомокретенизам. Толку. А сега, должам кратко објаснување и кроки-аналитичка рамка.
Во неделата (17. 04. 2022г.) добивме срамен отрезнувачки и предупредувачки шамар: инострана групировка на поранешен фашист(Иван Михалов) со денешна неофашистичка бугарска политичка елита, домашен “докажан демократ“(Бујар Османи) и домашен државен врв – ескаписти (побегуљи), сите до еден. Три во едно!
Првите на Широк сокак, вториот пред камерите, а третите скриени во глувчова дупка. Без малку целиот државен врв на Бугарија, не придружуван од претставници на Македонија, во Битола, градот на конзулите, на Широк сокак си правеа “приватна журка“ – отворање на некаков си бугарски културен центар, со име, ни помалку, ни повеќе, “Иван Михајлов“. И веднаш да се констатира: Тоа е осведочениот експонент на фашизмот и нацизмот, соработник на Хитлер и Мусолини, Иван-Ванчо Михајлов. Докажан терорист и наредбодавец на масовни убиства на истакнати македонски интелектуалци, револуционери и општествени дејци на македонската Револуција и Државност.
Едноставно, крвник кој го обезглави македонското револуционерно, национално и ослободително движење – се осведочено во документи на ЦИА, во смисла на “гангстер и терорист на кој не може да му веруваат САД или кој било друг“. Аме, ете блгарските политици го чествуваат и паѓаат во несвест за него.
И во стилот на “Сето тоа тука таму“(кочанска изрека за патолошки лажговци и измамници), демек во името на бугарското малцинство и културната соработка помеѓу Македонија и Бугарија, бугарскиот државен врв “ни продава“ култура. Ни го нудат ѓубрето од минатото како своевидно цвеќе(Горан Стефанвски). Кој е бре овој ментален склоп? Другар ми Лав(Мирослав Наумовски – Лав, новинар), секогаш темелен во опсервациите, за вакво нешто, секогаш велеше “Сотире чувај се од луѓе со нетокму ментални склопови“. Како да ја сфатам природата нивна? Шармантниот и неповторлив Тула(Владимир Тулевски – Тула, новинар), за вакви и слични работи и луѓе, ни кажуваше дека неговата баба, велела “Не им чини природата“(Душевен мир и спокој за овие мои непрежалени другари, и Македонци по род, сој и душа.).
И навистина каква е оваа блгарско-европејска култура што ни ја нудат Бугарите?
Еј, култура во вид на шарено џиџе замотано во светлива хартија и свилена панделка. Море и балони(Бог да даде да пукнат). А во суштина, тоа, до корен, е промоција на нацифашистичка идеологија, срамна политика и агресивна-нехумана дипломатија, од страна на анахрона политичка елита на Бугарија, забегана во светот без вредности, морал и принципи. Сите до еден(Петков, Јотова, Генчовска, Захариева, Каракачанов….), заталкани божји чеда во беспатијата на неофашизмот на 21-от век, како дива турско-татарска орда, во срамен и беден обид “да ја освојат“ Македонија, на крајно вулгарен и примитивен начин демонстрираа нацифашистичка идеологија и шовинизам од бугарски тартип. Се обидоа да ја рехабилитираат нивната фашистичка икона Иван Михајлов, правејќи ин флагранти историски ревизионизам. Па драги мои Македонци, тоа е евидентна и очебијна бесрамна антимакедонска политика, од странски политички елемент, на наш домашен терен. Тоа е агресивен шовинизам и милитаризам, од времето на Балканските бојни, Првата и Втората светска војна, со глазура на бугарската европска политика, без европски вредности, од 2022 година. Срамота!
Ова е безобразно и грубо негирање на македонскиот антифашизам и славната о крвава НОБ/НОВ, на Партизанското движење, на Ослободителната војска на Македонија, на АСНОМ и на неговите државотворни одлуки. Политичка провокација, дипломатска навреда, еднаков на чин на непријателство. Брука и беда, еднаква на хомокретенизам на 21-от век.
Ете, тоа е вистинското лице на бугарската политика кон Македонија, што пак е слика и прилика на денешната(а не онаа на основачите Шуман, Моне, Де Гаспари, Пол-Анри Спак) Европска Унија. Македонци мои, а да не се ова Данајци со нивните опасни, погубни и смрдливи подароци? ќе да е така!
Сотир Костов
П.С.
А за нашите ескаписти(побегуљи) и “демократи“ во некоја следна прилика.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Земјотрес во Бугарија
Слаб земјотрес со јачина од 2,3 степени…
Се крчкаат нови предвремени избори во Бугарија
Бугарската партија „Има таков народ“ (ИТН) утре…
Македонија ја прегази Бугарија за финале на…
Македонската кошарка има нови јунаци! Јуниорската репрезентација на Македонија на…
МНР: Очекуваме Бугарија да ги преземе сите…
Република Северна Македонија е силно посветена на…
(Видео) Огромен пожар од Бугарија се движи…
Огромен пожар беснее кај Струмјани во Благоевградско,…