ЕНОРМНО високи температури од на 60 степени во Неапол!
Во последните денови топлотните бранови во Неапол се зачестени и загрижувачки, бидејќи температурите достигнуваат невидени нивоа. Во тесните улички во центарот на градот, температурите наскоро би можеле да достигнат вредности и над 60 степени Целзиусови. Тоа не е предизвик само за здравјето на луѓето, туку и за културното наследство.
Причината зошто температурите се толку високи во Неапол е тоа што се создава ефект на топлински остров бидејќи површините и зградите ја апсорбираат и ја задржуваат топлината и на тој начин придонесуваат за зголемување на температурите во таа средина. Имајќи предвид дека Неапол е град полн со мали тесни улички и антички градби, оваа појава тамусе чувствува повеќе отколку во другите градови.
На тие улици нема вегетација, па нема начин како природно да се разлади градот. Загадувањето на воздухот создава еден вид „капа“ што ја задржува топлината.
Здравствените институции во Неапол секојдневно ги информираат граѓаните да внимаваат на екстремните горештини, особено постарите, чија состојба може да се влоши поради горештините. Лекарите ги советуваат граѓаните да не излегуваат надвор кога е најтопло, постојано да пијат вода, да се облекуваат лесно и да ги вклучуваат вентилаторите и клима уредите.
Топлотните бранови влијаат и на историското наследство на градот бидејќи античките фасади, споменици и цркви можат да бидат оштетени и да претрпат структурни оштетувања поради термичка експанзија на материјалите. Во исто време, градскиот екосистем особено страда на овие температури поради недостигот на вода и прекумерната топлина.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Гром удри на плажа во Италија, најмалку…
Најмалку три лица се повредени денеска, од…
Силен земјотрес ја погоди јужна Италија!
Земјотрес со јачина од 5 степени според…
Ова се најзадолжените држави во ЕУ!
Долгот во еврозоната е во пораст, покажуваат…
Венецијанските власти планираат двојно зголемување на таксата…
Како што најавуваат градските власти на Венеција,…
(Видео) Шпанија подобра во дербито со Италија,…
Репрезентацијата на Шпанија минимално ја совлада селекцијата…