Епископот г. Партениј: Благословена четириесетница, не можеме да постиме доколку не се помириме и не им простиме на сите!
Игунемот на Свештената бигорска Обител, епископот Антаниски г. Партениј денеска, ден пред велигденските пости упати порака до верниците преку која посакува благословен пост и добра четириесетница.
„Светиот и велик четириесетдневен пост е најстариот и најстрог пост во нашата света православна Црква. Неопходно е, христијаните за време на постот да се трудат во сите добродетели, пожртвувано да се даваат себе си за другите. Треба да се украсиме со најубавата добродетел – љубовта, која произлегува од верата и која ќе трае вечно“, вели владиката.
Според него, „не можеме да постиме доколку не се помириме и не им простиме на сите, особено на оние на кои ни е тешко да им простиме, зашто тука е подвигот на христијанската љубов“.
„Простете им на оние кои заслужуваат и на оние кои ти мислат лошо, нека осетат во душата и срцето како е да се биде човек“, вели владиката Партениј.
Вечерва во Бигорскиот манастир ќе се одржи вечерна богослужба за Прочка, која ќе заврши со Великопосната молитва на Свети Ефрем Сирин, која е проследена со големи поклони, како и со меѓусебното простување на верниците и монасите.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Повеќе од 40.000 туристи се заглавени во…
Будење со звукот на сирените за воздушен…
Левица Градско: Итна еколошка контрола поради загадувањето…
Во центарот на Општина Градско, под плаштот…
Трамп никогаш поостар: Ако го нападне САД,…
Американскиот претседател Доналд Трамп порача дека Иран…
(Видео) Аеродромот во Тел Авив во пламен,…
Израелските одбранбени сили (ИДФ) денес објавија дека…
ДУИ: Злоупотреби на средства од буџетот на…
УИ изразува длабока загриженост за најновиот скандал…