Објавено на:

Ердоган ги обвини Инстаграм и другите социјални мрежи за дигитален фашизам

t

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган ги обвини социјалните мрежи за „фашизам“ и цензура откако платформата на Инстаграм беше блокирана во земјата четврти ден по ред.

Американската платформа, која има околу 50-60 милиони претплатници во Турција, беше обвинета од владини претставници за цензура и за неотстранување на објави кои властите ги сметаат за навредливи. Претставниците на компанијата беа поканети на средба со Владата, која не успеа да ги реши разликите.

„Се соочуваме со дигитален фашизам“, рече Ердоган пред претставниците на владејачката Партија на правдата и развојот (АКП). Тој рече дека платформите „не можат ни да толерираат слики на палестински маченици без веднаш да ги забранат“.

„Овие компании му објавија војна на славниот отпор и хероите на палестинскиот народ. Тие се однесуваат како мафија секогаш кога нивните интереси се загрозени“, додаде шефот на државата.

Пред една недела директорот за комуникации на турскиот претседател Фахретин Алтун го обвини Инстаграм дека не дозволува луѓето да објавуваат пораки со сочувство поради убиството на Исмаил Ханије, политичкиот лидер на палестинската група Хамас. Ханија беше убиен во Техеран во напад за кој е обвинета државата Израел.

Ердоган рече дека социјалните мрежи „ги следат правилата во Америка и Европа, но намерно ги игнорираат кога станува збор за борбата против нелегалната содржина во Турција“. Министерот за транспорт и инфраструктура Абдулкадир Уралоглу претходно изјави дека Инстаграм, во сопственост на американскиот технолошки гигант Мета, е суспендиран поради игнорирање на барањата за отстранување на „криминална содржина“. Според некои извори, станува збор за „навреди кон Кемал Ататурк“, основачот на модерна Турција, за „игрите со дрога (и) педофилија“. По состанокот со претставниците на компанијата, Уралоглу рече дека владата „не ги добила резултатите што ги сакала“, но дека „ќе продолжи активно да разговара за ова прашање“.

Замрзнувањето на Инстаграм погоди многу бизниси кои се потпираат на платформата.Емре Екмекчи, потпретседател на Здружението на оператори за е-трговија, процени дека забраната ги чини 1,9 милијарди турски лири, или речиси 57 милиони долари, дневно во изгубени деловни можности.

„ Околу 10% од онлајн продажбата на мало во Турција се врши преку социјалните медиуми – во износ од 930 милиони лири дневно“, изјави тој за приватната телевизија CNCB-E.

Помеѓу 60 и 70 отсто од 85-те милиони луѓе во Турција имаат профил на Инстаграм.

„Стотици илјади луѓе наоѓаат клиенти и работат на Инстаграм“, рече професорот по финансии Озгур Демирташ, цитиран од АФП.

„Илјадници луѓе на Инстаграм создаваат врски за извоз и плаќаат НАДОМЕСТОК“, нагласи тој.

Во минатото турските власти привремено го блокираа пристапот до Фејсбук, Х и Википедија.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Ердоган ги обвини Инстаграм и другите социјални…

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган ги обвини…

25 нови случаи на голема кашлица за…

Во периодот од 26 јули до први…

Русите мислеа дека Украина ќе ја нападне…

Русија се сомневаше дека Украина планира да…

Орбан ги налути: Европа се плаши од…

Група од 67 членови на Европскиот парламент…

(Фото) Многу јако: Цигари, патики, штрафилици –…

За време на продолжениот викенд и во…