Објавено на:

Ердоган заминува?

t

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган денеска посочи дека би можел да се кандидира за претседател во 2023 година, а тоа ќе биде неговиот последен мандат.

Ердоган рече дека по тој мандат, доколку победи на изборите, ќе ја „префрли палката на младите“.

Како што се приближуваат претседателските и парламентарните избори закажани за јуни 2023 година, Ердоган, кој е на власт од 2003 година, и неговата исламско-конзервативна партија, Партијата на правдата и развојот (АКП), се надеваат дека ќе ја задржат власта.

Сепак, турскиот претседател треба да се соочи со многу предизвици, вклучувајќи ја и инфлацијата која достигна 84,4 проценти.

Во октомври, Ердоган ја повтори својата долгогодишна желба да подготви нов Устав кој ќе биде „демократски, едноставен и визионерски“.

Некои набљудувачи тоа го гледаат како желба за промена на границата од најмногу два претседателски мандати, како што е предвидено со тамошниот Устав.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Америка го бомбардираше Иран, објави Трамп

Американскиот претседател Доналд Трамп рано утринава, во…

(Видео) Брутална тепачка на обиколница кај Скопје…

Инцидент каков што ретко се гледа се…

Медведев: Иран го гледа опстанокот во нуклеарната…

Заменик претседателот на Советот за безбедност на…

Бислимоски: Војната меѓу Израел и Иран ќе…

Војната меѓу Израел и Иран ќе има…

Ова ли е тоа тегнење за уши?…

Судот во Струга го прогласи за виновен…