Ердоган згрме: Никој за ништо нема да го известуваме за нашата операција во Сирија и Ирак!
Претседателот на Турција, Реџеп Таип Ердоган, изјави дека земјата е решена да ја уништи Курдистанската работничка партија – до последниот терорист, пренесуваат агенциите.
„Терористичката организација, која претрпе големи загуби во операциите што ги спроведува Турција по должината на нејзините јужни граници, го покажа своето валкано лице пролевајќи ја крвта на невините луѓе со минофрлачки напади врз цивилните населби на нашите граници“, рече Ердоган.
По владиниот состанок во Анкара, турскиот претседател посочи дека продолжуваат чекорите за формирање безбедносна зона, длабока 30 километри по должината на нејзините граници.
„Не ни треба ничие одобрение додека преземаме чекори во однос на безбедноста на нашата татковина и нашиот народ и никој за ништо нема да го известуваме“, рече Ердоган.
Турскиот претседател посочи дека никој со разни закани нема да ја принудува Турција на позиции спротивни на нејзините интереси на политичко, дипломатско, економско и на воено ниво.
„Никој не треба да биде вознемирен од воените операции на Турција, со цел проширување на безбедносната зона“, заклучи Ердоган.
Од 20 ноември Турција спроведува воздушна операција против сириското крило на забранетата Курдистанска работничка партија во северна Сирија. Беа извршени напади врз градот Кобане, како и на северот на Ирак, пренесе „Новости.рс“.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Британија привремено го повлекува целиот персонал од…
Велика Британија соопшти дека привремено го повлекува…
Босна и Херцеговина привремено ги затвора амбасадите…
Заедничките институции на БиХ започнаа подготовки за…
Одморалиштето на Пониква утре ќе прими пациенти…
Одморалиштето на Пониква утре ќе прими пациенти…
Рокас без предвидување за извештајот на ЕП:…
Евроамбасадорот Михалис Рокас рече дека не може…
Просечната нето плата во април 45.452 денари
Просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во…