Ердоган може да посредува за крај на војната во Украина, смета Орбан

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган би можел да дејствува како посредник во решавањето на украинскиот конфликт, како што направи претходно при склучувањето на „договорот за храна“, изјави унгарскиот премиер Виктор Орбан.
Тој изјави дека на 3 јуни присуствувал на инаугурацијата на Ердоган во Анкара, кој победи на изборите за претседател на Турција и доби нов петгодишен мандат.
„Победата на претседателот Ердоган ни требаше како здив поради неговата мирна позиција. И ако не успееше да ја добие функцијата претседател, ќе имаше човек кој се залага за војна, а последиците ќе беа непредвидливи. Претседателот на Турција има шанса да биде посредник меѓу Украинците и Русите, како што направи во врска со кризата во испораката на жито од Украина“, напиша Орбан на Твитер.
Унгарскиот премиер претходно изјави дека новиот мандат на Ердоган ќе биде важен за стабилноста во Европа и дека може да придонесе за решавање на украинската криза.
Според Орбан, победата на Ердоган дава гаранции дека рускиот гас ќе продолжи нормално да пристигнува преку гасоводот Турски тек до Унгарија.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Ердоган: Веруваме дека сириската влада ќе преземе…
Ердоган телефонски разговараше со претседавачот на Суверениот…
Пронајден е Виктор од Младо Нагоричане
В.Н.(41) од Куманово кој завечера беше пријавен…
Ердоган го покани Трамп да ја посети…
Претседателот на Турција Ердоган се обиде да…
Орбан: На барање на Унгарија создадена иницијатива…
Групата „Пријатели на мирот“ на земји од…
Oрбан: Унгарија нема да прима мигранти
Унгарскиот премиер Виктор Орбан денеска изјави дека…