Ердоган му кажал на Путин да го врати Крим на вистинските сопственици
Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган изјави дека Владимир Путин е подготвен да разговара.
– Бевме заедно во Узбекистан, имавме долги разговори. Тој покажа знаци дека е подготвен ова да заврши што поскоро. Тоа беше мојот впечаток, изјави Ердоган за ПБС додавајќи дека е договорена размена на 200 затвореници.
Веста доаѓа по големата украинска контраофанзива во која беше ослободен североисточниот дел на земјата, коментираат светските агенции.
Ердоган вели дека му рекол на Путин да го врати Крим на неговите вистински сопственици.
– Од 2014 година на мојот драг пријател Путин му зборуваме за тоа и го баравме тоа од него. Баравме Крим да им се врати на вистинските сопственици. Тие се и наши потомци кои живеат таму, рече Ердоган, додавајќи дека ниту еден чекор во таа насока никогаш не бил направен.
На прашањето како треба да изгледа крајот на војната во Украина, Ердоган рече дека земјата што ја освоија Русите мора да му се врати на Киев.
Во исто време, портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков денеска рече дека „во моментов нема изгледи за политичко-дипломатско решение на ситуацијата во Украина”.
– Во моментов нема такви изгледи, изјави Песков за Интерфакс.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Путин најави одговор за влезот на Финска…
Хелсинки немаше „неволји“ со Москва со години,…
Трамп: Бајден со политичкиот прогон врз мене…
Рускиот претседател претходно изјави дека обвинението за…
Путин: Русија ќе спречи какво било странско…
Русија ќе спречи какво било странско мешање…
Макрон е подготвен да го обнови дијалогот…
Доколку претседателот Путин има сериозни предлози и…
Путин: Најверојатно Американците го разнесоа гасоводот „Северен…
Рускиот претседател Владимир Путин денеска изјави дека…