Ердоган му се закани на Западот поради привременото затварање на конзулатите: “Ќе платите голема цена”

t

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган го коментираше неодамнешното привремено затворање на конзулатите на некои западни земји во Истанбул и рече дека турското Министерство за надворешни работи ги предупредило релевантните амбасадори да не го прават тоа или во спротивно ќе платат висока цена, јави Агенција Анадолија.

Коментарите на Ердоган уследија откако Турција ги повика амбасадорите на западните земји, вклучително и САД, да ја критикуваат нивната одлука за привремено затворање на дипломатските мисии под изговор за безбедносни закани.

Според турски дипломатски извори во Министерството за надворешни работи биле повикани и амбасадорите на Белгија, Франција, Германија, Италија, Холандија, Шведска, Швајцарија и Велика Британија, каде што им било кажано дека „таквите постапки не покажуваат сразмерен и внимателен пристап, но то служи на подмолната агенда на терористите.“

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Турската полиција употреби водени топови против студентите…

Студентите утрово се собраа во близина на…

Турската полиција приведе 55 лица во Истанбул…

Вкупно 55 лица се уапсени денеска во…

Имамоглу ќе се кандидира за претседател на…

Опозицискиот градоначалник на Истанбул, Екрем Имамоглу, кој…

Турскиот суд му одреди притвор на градоначалникот…

Турскиот суд нареди градоначалникот на Истанбул Екрем…

„Сакаме правда“: Протести во Турција по апсењето…

И покрај забраната за собири и протести,…