Ердоган: Наша цел е срушените градови да бидат целосно обновени за една година

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган објави дека бројот на жртвите од земјотресите во јужна Турција се искачи на 8.574 и им вети на граѓаните од погодената област дека нема да останат без покрив и дека ќе имаат домови за една година, соопшти турската држава, јави телевизијата ТРТ Хабер.
Претседателот денеска изврши увид во шаторскиот камп во областа Кахраманмарас, кој беше епицентар на двата земјотреси со јачина од 7,7 и 7,6 степени во понеделникот. Тој нагласи дека државата со сите средства ги поддржува граѓаните.
– Нашите граѓани не треба да се грижат, никогаш нема да ги оставиме на улица, рече Ердоган.
По пристигнувањето на аеродромот Кахраманмарас, претседателот беше информиран за активностите по земјотресот од страна на министерот за внатрешни работи Сулејман Сојлу и други официјални лица пред да се упати кон шаторскиот камп поставен од Дирекцијата за управување со катастрофи и вонредни состојби (АФАД).
Според претседателот, бројот на загинати во Турција како последица на двата земјотреси е зголемен на 8.574 лица, а бројот на повредени достигна 49.133 лица.
„Нашата цел е да го обновиме Кахраманмарас во рок од една година и во другите девет погодени области исто како што направивме во другите области каде што доживеавме катастрофи. Не можеме да дозволиме нашите граѓани да останат на улица“, рече тој.
Претседателот објави дека властите контактирале со хотелите во Аланија, Анталија, Мерсин и други градови за да ги сместат луѓето кои останале без покрив над главата. Сите нивни потреби ќе ги задоволиме во хотелите, додаде тој.
По проценката на штетите, ќе платиме помош од по 10.000 турски лири (530 долари) на погодените семејства, додаде Ердоган.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Турската полиција приведе 55 лица во Истанбул…
Вкупно 55 лица се уапсени денеска во…
Имамоглу ќе се кандидира за претседател на…
Опозицискиот градоначалник на Истанбул, Екрем Имамоглу, кој…
Турскиот суд му одреди притвор на градоначалникот…
Турскиот суд нареди градоначалникот на Истанбул Екрем…
„Сакаме правда“: Протести во Турција по апсењето…
И покрај забраната за собири и протести,…
Во Турција уапсени 343 лица, опозицијата повикува…
Еден ден по огромните протести во Турција…