Ердоган: Нетанјаху повеќе не е наш соговорник – го пречкртавме!
Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган изјави дека израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху повеќе не го смета за „свој соговорник“.
„Во моментов немам контакт со Израел. Нашиот шеф на разузнавањето Ибрахим Калин е во контакт. Се разбира, тој се среќава и со Палестина и со Хамас. Ќе го кажам ова – Нетанјаху повеќе не е наш соговорник во ниедна смисла. Го пречкртавме“, рече турскиот лидер.
Зборувајќи за односите со Израел, Ердоган рече дека во денешната ера на меѓународна дипломатија едноставно е невозможно целосно да се прекинат сите контакти.
„Затоа ги користиме сите дипломатски средства и ќе продолжиме да го правиме тоа. Нашата главна цел е да воспоставиме конечен мир кога станува збор за палестинско-израелскиот проблем. Ние се стремиме да создадеме формула која ќе работи. Решени сме да направиме се што е можно за да го запреме крвопролевањето и да го вратиме мирот.
Сакаме долготраен и стабилен мир во регионот и во нашата земја“, нагласи Ердоган.
Турскиот претседател додаде дека Турција сака да ги покани сите заинтересирани страни на конференцијата за Газа, која ќе ја иницира Анкара.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Филипче: Наместо економски бум, Македонија тресна на…
Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, вечерва укажа…
Украина дозволи двојно државјанство за справување со…
Парламентот на Украина денес усвои нов закон…
Евакуирани дел од американските дипломати во Израел
Двајца американски претставници велат дека владин авион…
Филипче: Скопје е затрупано со ѓубре, Мицкоски…
Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, се обрати…
Утре ќе има боево гаѓање кај делчевското…
Поради боево гаѓање со огнено оружје, утре…