Објавено на:

Ердоган не се откажува од “мирење” на завојуваните: Средба Путин-Зеленски мора да има!

t

Турција сè уште работи на организирање средба меѓу рускиот претседател Владимир Путин и неговиот украински колега Володимир Зеленски, изјави денеска турскиот министер за надворешни работи Мевлут Чавушоглу за турскиот канал НТВ.

– Знаеме дека критичните теми ќе се решаваат на лидерско ниво, па затоа ќе се обидеме да ги донесеме лидерите на иста маса, рече тој.

Чавушоглу појасни дека Турција продолжува да пристапува кон преговорите со „внимателен оптимизам“, особено по неодамнешните настани за наводните воени злосторства во Буча и Ирпин, кои „негативно влијаеја на процесот“.

– Нехуманите слики од региони како Буча и Ирпин, кои ние исто така ги осудуваме, ја променија атмосферата. Се создаде негативна атмосфера на украинската страна. Иако имаше различни изјави од страна на Руската Федерација во врска со ова, тоа на крајот негативно влијаеше на преговарачкиот процес, рече тој.

– И покрај сите тие предизвици, претседателот Зеленски рече дека разговорите може да продолжат… Но потребни се двајца лидери да кажат „да“. Особено претседателот Путин, додаде шефот на турската дипломатија. (МИА)

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Зеленски: Континуираната финансиска поддршка од ЕУ ќе…

Украинскиот претседател Володимир Зеленски денеска изјави дека…

Зеленски го повика Западот на обединет фронт…

Претседателот на Украина, Володимир Зеленски во Давос…

Путин најави одговор за влезот на Финска…

Хелсинки немаше „неволји“ со Москва со години,…

Трамп: Бајден со политичкиот прогон врз мене…

Рускиот претседател претходно изјави дека обвинението за…

Путин: Русија ќе спречи какво било странско…

Русија ќе спречи какво било странско мешање…