Ердоган пресече: Ако треба, ќе се разделиме со Европа!
Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган изјави во саботата дека Анкара може да се раздели со Европската унија доколку е потребно.
Говорејќи пред новинарите пред неговото патување во Соединетите држави, Ердоган исто така рече дека Европската унија прави чекори за да се дистанцира од Турција.
Турското МНР пред два дена остро го критикуваше извештајот на ЕП за Турција.
„Овој извештај, исполнет со неправедни обвинувања и предрасуди врз основа на дезинформации од антитурски кругови, е одраз на вообичаениот плиток и невизионерски пристап на Европскиот парламент, како во односите со нашата земја, така и во иднината на ЕУ, се вели во соопштението од министерството.
Понатаму, беше додадено дека „за жал, овој извештај покажува и колку членовите на ЕП се заробени на дневната популистичка политика и колку се далеку од развивањето на вистинскиот стратешки пристап и кон ЕУ и кон нашиот регион“.
Турција смета дека е неразумно ЕУ да носи различни пристапи кон пристапните преговори во овој критичен момент за стабилноста и безбедноста на континентот, кога е отворен прозорец на можности за ревитализација на односите Турција-ЕУ.
Понатаму, тврдењата во извештајот за прашањата на Егејот, Источниот Медитеран и Кипар, кои ги одразуваат пристрасните ставови на некои групи и се исклучени од историската и правната реалност, немаат никаква вредност за Турција, се додава во одговорот.
„Се надеваме дека новиот Парламент што ќе се формира по изборите за ЕП во 2024 година ќе дејствува со неутрална, рационална и конструктивна перспектива“, заклучуваат во коментарот од турската дипломатија.
Турскиот министер за правда Јилмаз Тунч, пак, во објава на страницата на социјалните мрежи Х, порано Твитер, рече дека извештајот ги игнорира тековните реформски напори во Турција, како и неодамнешните случувања во човековите права и владеењето на правото.
Тунч рече дека извештајот е „далеку од објективен“, не се заснова на податоци и е „неправеден, неоснован и полн со разочарувања“.
„Овој извештај не придонесува за позитивната агенда меѓу Турција и Европската унија“, резимира тој.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Турција го блокира Инстаграм
Овој потег уследи по коментарите на турскиот…
Турција ќе ги заловува, но нема да…
Турскиот парламент усвои закон што налага сите…
Застрашувачка изјава на Ердоган: Турција би можела…
Турција би можела да влезе во Израел…
Силен земјотрес ја погоди Турција, се почуствува…
Земјотрес со размери од 4,8 степени според…
Пристигнува помош од Словенија, Турција, Србија и…
Пристигнува помош од Словенија, Турција, Србија и…