Ердоган: Примарна цел ни е да ја држиме Турција подалеку од конфликтот
Примарна цел на Анкара е да ја држи земјата подалеку од растечкиот регионален конфликт, изјави турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган и додаде дека Турција внимателно ги следи случувањата на Блискиот Исток заедно со НАТО и другите сојузници и дека ќе продолжи да презема мерки за јакнење на безбедноста на земјата.
„Нашата примарна цел е да ја држиме нашата земја подалеку од овој конфликт. Безбедноста на Турција и мирот на нејзините 86 милиони граѓани се нашиот најголем приоритет. Ќе го следиме развојот на настаните и ќе продолжиме да преземаме понатамошни чекори за зајакнување на нашата безбедност“, изјави Ердоган додавајќи дека воздушниот простор на Турција се следи 24 часа на ден од потенцијални закани.
Турскиот претседател додаде дека Анкара е на страната на правдата, меѓународното право, мирот и стабилноста и дека поддржува решавање на споровите по дипломатски пат. Тој упати предупредување до Иран дека покрај искрените предупредувања од Анкара, Техеран и натаму продолжува да презема, како што рече, екстремно погрешни и провокативни чекори што би можеле да ги затегнат односите меѓу двете соседски земји.
Претходно денеска воздушните сили на НАТО пресретнаа балистичка ракета кон Турција.
Ова е вторпат силите на НАТО да пресретнат ракета лансирана кон Турција од почетокот на ескалацијата на конфликтот на Блискиот Исток. Првиот пат се случи пред пет дена, кога воздушните сили на Алијансата ја собориле ракетата пред да влезе во турскиот воздушен простор.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Ердоган: Примарна цел ни е да ја…
Примарна цел на Анкара е да ја…
Драстичен пад на нафтата на светските берзи!
Цената на Brent Crude Oil бележи значителен…
Разговараа Трамп и Путин – ова се…
Претседателите на САД и Русија, Доналд Трамп…
Тајмс оф Израел: Новиот ирански лидер е…
Иранската државна телевизија, позната како „Гласот на…
Хаос во Штип: Лажно се претставил како…
Полицијата приведе 46-годишен маж од Штип кој…