Објавено на:

Ердоган: Се буди надеж за мир – Очекувам средбата Путин – Зеленски да се случи во Истанбул

t

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган најави „позитивен пристап“ кон самитот меѓу Володимир Зеленски и Владимир Путин.

-Со резултатот од преговорите што се одржаа меѓу делегациите, сега е време двајцата лидери да разговараат меѓу себе за да преземат чекори за разрешување на ќорсокакот поврзан со статусот на Донбас и Крим. Со денешните разговори ќе се дефинира и датум за средба. На овој аргумент се ставаме на располагање да бидеме домаќини на средбата. Зеленски има позитивен пристап, како и Путин во минатото – рече Ердоган.

По вчерашниот разговор со Зеленски, денес тој се слушна и со Путин. Како што соопшти Дирекцијата за комуникации при Кабинетот на претседателот на Турција, Ердоган и Путин разговарале за состанокот на преговарачките тимови на Русија и Украина, што се одржа во вторникот во Истанбул.

„Ердоган нагласил дека позитивниот и конструктивен состанок на делегациите на Русија и Украина во Истанбул буди надежи за мир. Напоменувајќи дека е важно страните да се однесуваат разумно и да одржуваат дијалог, Ердоган рече дека со организирање на состанок меѓу рускиот претседател Путин и украинскиот претседател Владимир Зеленски, сакаат да ги крунисаат мировните напори што ги преземаат, пренесува Анадолија“, стои во соопштението.

Путин, пак, му се заблагодарил на претседателот Ердоган што беше домаќин на состанокот на преговарачките тимови на Русија и Украина во Истанбул.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Зеленски: Континуираната финансиска поддршка од ЕУ ќе…

Украинскиот претседател Володимир Зеленски денеска изјави дека…

Зеленски го повика Западот на обединет фронт…

Претседателот на Украина, Володимир Зеленски во Давос…

Путин најави одговор за влезот на Финска…

Хелсинки немаше „неволји“ со Москва со години,…

Трамп: Бајден со политичкиот прогон врз мене…

Рускиот претседател претходно изјави дека обвинението за…

Путин: Русија ќе спречи какво било странско…

Русија ќе спречи какво било странско мешање…