Ердоган со порака до Зеленски: Турција е подготвена да биде посредник меѓу Киев и Москва
Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган изјави денеска, по разговорите со украинскиот шеф на државата Володимир Зеленски, дека Анкара е подготвена да ја преземе улогата на посредник и домаќин на мировни преговори меѓу Киев и Москва.
Ердоган нагласи дека Турција прави интензивни напори да се „запре крвопролевањето“ и во Украина и на палестинските територии и дасе обезбеди траен мир, јавија турски медиуми.
„Подготвени сме да ја преземеме улогата на преговарач за да обезбедиме мир во Украина. Важно е коридорот за жито да биде реструктуиран и оперативен и за таа цел продолжуваме со дипломатските контакти“, нагласил турскиот претседател. (МИА)
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Николоски: ОПОЗИЦИЈАТА ЌЕ ОСВОИ ОД 0 ДО…
Вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски…
Ужас во Охрид: Автомобил влета меѓу пешаци…
Стравична сообраќајка вечерва ја потресе Охрид –…
Сите ја плаќаме цената на иранските напади,…
Бенјамин Нетанјаху кажа дека целиот израелски народ…
МАКЕДОНИЈА НА УДАР ОД ГЛОБАЛНИТЕ КРИЗИ: Како…
Продолжувањето на конфликтите на Блискиот Исток и…
Просторот околу Собранието прогласен за безбедносна зона…
Собранието на предлог на Владата, усвои нов…