Ердоган ја блокира Шведска: НАТО бара да се екстрадираат лицата осомничени за тероризам

t

Анкара сè уште бара Стокхолм да ги екстрадира осомничените лица, кои ги смета за терористи, изјави турски официјален претставник.

-Турција се уште не е подготвена да го укине ветото и да ја поддржи кандидатурата на Шведска за НАТО, изјави вчера портпаролот на владејачката Партија на правдата, Омер Челик.

Ветувањата дадени од Стокхолм во врска со загриженоста на Анкара за обезбедување азил на осомничените терористи не се доволни, додаде тој.

-Овие изјави на Шведска се добри, но не доволни додека не се спроведат, рече Челик, пренесе Блумберг.

Турција го стопираше процесот на одобрување на барањата на Шведска и Финска за влез во НАТО, кои беа поднесени во мај. Двете нации се обидоа да се приклучат на воениот блок по почетокот на руската воена инвазија врз Украина. Анкара претходно предупреди дека би можела да ги блокира понудите, обвинувајќи ги двете нации дека засолнуваат членови на Курдската работничка партија (ПКК) и други групи што ги смета за терористички организации.

На почетокот на октомври турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган потврди дека неговата земја е подготвена да ја поддржи кандидатурата на Финска, додавајќи дека „Финска не е земја во која терористите слободно шетаат“.

Пред една недела, британските медиуми јавија дека Шведска ја информирала Турција дека е подготвена да соработува со Анкара за екстрадицијата на осомничените лица за тероризам и соопштила дека презела дополнителни мерки против курдските милитанти. Стокхолм, исто така, наводно, кажал дека останува „целосно посветен на спроведувањето“ на меморандумот потпишан од Шведска, Финска и Турција во јуни.

Шведскиот премиер Улф Кристерсон денеска изјави дека неговата земја „многу го почитува фактот што секоја земја во Алијансата носи свои одлуки“, додавајќи дека неодамна телефонски разговарал со Ердоган и дека се договориле да дојде во Анкара и дека точниот датум на посетата ќе го објави кога тој ќе биде официјално потврден.

Се очекува шведскиот премиер да ја посети Турција следната недела.

Изјавите дојдоа во пресрет на посетата на генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг на Турција неделава.

Досега само две членки на НАТО ги немаат ратификувано пристапните протоколи за Финска и Шведска: Турција и Унгарија.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Марија Габриел ќе биде втор човек во…

Поранешната еврокомесарка и министерка за надворешни работи…

Турција го блокира Инстаграм

Овој потег уследи по коментарите на турскиот…

(Документи) Илјадници народни пари потрошени на ручеци…

Шетајте луѓе, народ плаќа. Над 17.500 евра…

Турција ќе ги заловува, но нема да…

Турскиот парламент усвои закон што налага сите…

Застрашувачка изјава на Ердоган: Турција би можела…

Турција би можела да влезе во Израел…