Ердоган ја обвинува опозицијата дека соработува со Бајден за да го сруши од власт

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган во денеска, 13 мај, го одржа својот последен предизборен митинг во Истанбул и ја обвини опозицијата дека соработува со американскиот претседател Џо Бајден за негово соборување, пренесува Радио Слободна Европа.
Анкетите покажуваат дека Ердоган заостанува зад главниот опозициски кандидат Кемал Киличдароглу еден ден пред еден од најнеизвесните избори во модерната историја на Турција. Изборите за претседател на Турција ќе се одржат утре, а доколку ниту еден од нив не освои повеќе од 50 отсто од гласовите, на 28 мај ќе се одржи втор круг.
На митинг во истанбулската област Умраније, Ердоган потсети на коментарите на Бајден во Њујорк Тајмс во јануари 2020 година, кога тој водеше кампања за Белата куќа.
Тогаш Бајден рече дека Вашингтон треба да ги охрабри противниците на Ердоган да победат на изборите, нагласувајќи дека тој не треба да биде соборен со државен удар.
Ердоган го критикуваше и Киличдароглу за неговите коментари за Русија, нарекувајќи ја Москва важен партнер на Турција.
„Русија беше еден од нашите најважни сојузници во однос на земјоделските производи“, рече тој.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Турската полиција приведе 55 лица во Истанбул…
Вкупно 55 лица се уапсени денеска во…
Имамоглу ќе се кандидира за претседател на…
Опозицискиот градоначалник на Истанбул, Екрем Имамоглу, кој…
Турскиот суд му одреди притвор на градоначалникот…
Турскиот суд нареди градоначалникот на Истанбул Екрем…
„Сакаме правда“: Протести во Турција по апсењето…
И покрај забраната за собири и протести,…
Во Турција уапсени 343 лица, опозицијата повикува…
Еден ден по огромните протести во Турција…