Ердоган: Ќе одржуваме дипломатски контакти со Русија и Украина на највисоко ниво

t

Турција продолжува да одржува дипломатски контакти со Русија и Украина на највисоко ниво. Тоа денеска го изјави турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган, за време на телефонскиот разговор со холандскиот премиер Марк Руте.

Во разговорите биле разгледани турско-холандските односи и регионалните прашања, соопшти Кабинетот на турскиот лидер.

Претседателот Ердоган истакнал дека ги продолжува дипломатските контакти со Русија и Украина на највисоко ниво.

Дополнително, шефот на турската држава посочи дека „актуелната состојба на односите меѓу Турција и Европската унија не ги задоволува интересите на двете земји“.

(МИА)

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Рускиот министер за финансии: Во Русија нема…

Во Русија нема рецесија, во тек е…

Ердоган: Трамп е подготвен да се приклучи…

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган изјави дека…

Рутe: Сите членки на НАТО се обврзаа…

Сите земји-членки на НАТО, вклучувајќи ги и…

Трамп: Русите можеби имаат амбиции надвор од…

Тој повторно ги истакна нападите на САД…

Медведев: ЕУ е директна закана за Русија

Брисел денес е вистинскиот непријател на Русија,…