Ерменија и Азербејџан договорија примирје и прекин на огнот
Благодарение на меѓународните напори Ерменија и Азербејџан постигнаа договор за прекин на огнот што стапи на сила од синоќа во 20 часот по локално време, изјави денеска секретарот на ерменскиот совет за безбедност Армен Григорјан.
-Благодарение на напорите на меѓународната заедница, се договоривме за прекин на огнот со Азербејџан од 20 часот на 14 септември, рече Григоријан во интервју за ерменската телевизија, пренесе Тасс.
Советот за безбедност на Обединетите нации денеска ќе се собере на уште една средба во врска со неодамнешната ескалација на ситуацијата на ерменско-азербејџанската граница, соопштија ОН.
Средбата ќе се одржи на барање на Ерменија, а Советот за безбедност на ОН вчера на консултациите зад затворени врати расправаше за ситуацијата на границата меѓу овие две земји, додека денешната седница ќе биде отворена за јавноста.
Ерменија и Азербејџан, кои со децении се борат за Нагорно Карабах, меѓусебно се обвинуваат дека доцна вечерта на 12 септември почнале серија гранични судири.
Според ерменскиот премиер Никол Пашинијан, во овие судири загинале 105 ерменски војници, додека азербејџанското Министерство за одбрана јави за 50 убиени азербејџански војници, јави Тасс.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
(Видео) ВООРУЖЕН НАПАД НА ПОЛИЦИСКА СТАНИЦА ВО…
Вооружени мажи влегле во полициска станица во…
Официјално: Алиев победи на претседателските избори во…
Актуелниот претседател на Азербејџан Илхам Алиев победи…
Со 93.9% од гласовите Алиев е реизбран…
Илхам Алиев беше реизбран за претседател на…
Азербејџан уапси новинари финансирани од УСАИД
Баку тврди дека „AbzasMedia“ вршел нелегални финансиски…
Брнабиќ: Азербејџан останува на ставот дека не…
Премиерката на Србија, Ана Брнабиќ, денеска се…