Објавено на:

Еруптираше вулкан во Исланд

t

На полуостровот Рејкјанес во југозападен Исланд, во близина на главниот град Рејкјавик, еруптираше вулкан по интензивна сеизмичка активност во областа, соопшти Метеоролошката служба (ИМО).

Во овој момент, тоа е многу мала ерупција, рече Метју Робертс од одделот за услуги и истражување на ИМО.

Тој додаде дека нема директна непосредна опасност за луѓето кои живеат во регионот.

Ерупцијата беше потврдена во 16:40 часот по Гринич, додаде тој.

Експертите од ИМО ќе проценат точно каде излегува лавата и како се развива ерупцијата во следните часови.

Сликите и преносите во живо на локален медиум покажуваат лава и чад како излеваат од пукнатината во земјата на страната на планината Фаградалсфјал.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Вонредна состојба во Исланд по новата ерупција…

Поради новата вулканска ерупција што почна денеска…

Вулканска ерупција во Исланд, прогласена вонредна состојба

Експертите изразија стравување дека вулканска ерупција, која…

Еруптираше вулкан во Исланд

На полуостровот Рејкјанес во југозападен Исланд, во…

Уште три европски држави протеруваат руски дипломати

Белгија протерува 21 руски дипломат поради наводно…