Ерупција на вулкан на Филипините
Филипинскиот вулкан Булусан исфрли голем облак пепел поради што се евакуирани жителите од околните градови, а постои опасност и од нова ерупција.
Според филипинскиот Институт за вулканологија и сеизмологија, ерупцијата на вулканот, лоциран во провинцијата Сорсогон, во источниот дел на Филипини, траела околу 17 минути, а пепелот бил исфрлен најмалку еден километар во висина.
Со пепел покриени се два града во провинцијата Сорсогон, што се наоѓа околу 500 километри јужно од Манила.
Вулканот Булусан е активен изминатите години, а десетина слични ерупции беа забележани помеѓу 2016 и 2017 година.
Филипини се наоѓаат на така наречениот сеизмички огнен појас на Пацификот, со повеќе од 20 активни вулкани.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Почина поранешниот филипински претседател Фидел Рамос
Поранешниот филипински претседател Фидел Рамос, кој ја…
Ерупција на вулкан на Филипините
Филипинскиот вулкан Булусан исфрли голем облак пепел…
Мал вулкан го покри филипинското небо со…
Вулканот Таал во филипинската провинција Батангас го…
(Видео) Се запали руска амбасада во поранешен…
Голем пожар избувна во руската амбасада во…