ЕСМ: Понудените 48 eвра за MWh се со цел да не влијае значајно на крајната цена за граѓаните – т.н експерти да не шират дезинформации

t

Од 2019 година АД ЕСМ е гарант и стабилизатор на цената на електричната енергија во услови на либерализација. Иако законот ни дава можност да испорачуваме енергија од само 60% од потребите на ЕВН Хоме, а другите количини да ги продаваме на слободниот пазар и дополнително да заработуваме, АД ЕСМ повторно ќе испорача 100% за потребите на граѓаните и малите потрошувачи, се вели во денешното соопштение на АД Електрани на Македонија.

Што се однесува до цената, АД ЕСМ понуди пониска цена, од 48 евра за мегаватчас, затоа што со ваква цена ќе има само благо покачување на крајната цена за граѓаните. ЕСМ учествува со околу 32% во цената за крајните потрошувачи.

„Цената што ја понудивме е резултат на зголемениот ангажман на вработените, кои со натчовечки напори и деноноќно ангажирање обезбедуваат електрична енергија за граѓаните и фирмите во овие исклучително тешки услови, особено кога има недостаток на мазут и природен гас во Јужна Европа. Резултат е и на оптимизирање на производството, зголемување на производството и намалување на зависноста од набавка на електрична енергија, навремено и квалитетно менаџирање на состојбите, намалување на непродуктивните трошоци, намалување на вкупните трошоци за 15% и во првите 5 месеци од годината заштедени се речиси 50 милиони евра. Така ќе се продолжи и во втората половина од годината“, истакнуваат оттаму.

Во услови кога цените се драстично зголемени и има недостиг на енергенси, правиме натчовечки напори да се обезбедат доволни количини на јаглен и да се зголеми ископот за зголемено производство на електрична енергија во РЕК Битола и РЕК Осломеј, додека хидропоренцијалот, поради неповолната хидрологија, се чува за баласирање и системски услови, заради стабилно снабдување.

„Не е коректно, во услови на енергетска и воена криза во Европа, т.н. експери да внесуваат немир и дезинформации кај граѓаните со неодговорни настапи во јавноста. ЕСМ покажа дека има капацитет да обезбеди снабдување со електрична енергија, и дека има помош и поддршка од Владата на Р. Северна Македонија, и така ќе продолжиме и во следниот период и претстојната грејна сезона“, реагираат од АД Електрани на Северна Македонија.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Мицкоски: Лично сум фокусиран на избор на…

Премиерот Христијан Мицкоски вчера најави дека многу…

ЕСМ: Поради пукната цевка, блокот со кој…

Во текот на изминатиот период, како резултат…

Бислимоски: Државата можеше, ама не изгради големи…

Во 30 години независност Македонија како држава…

Левица: Државната ЕСМ Продажба да ја преземе…

Денови повторно е актуелна темата за законската…

Британците предупредија на уште една тешка зима

Сметките за енергија се очекува нагло да…