ЕСМ: Поради пукната цевка, блокот со кој работеше РЕК „Битола“ испадна од мрежа

t

Во текот на изминатиот период, како резултат на направените анализи на пазарот на електрична енергија, беше направена набавка на струја по поволни цени, кои му овозможуваат на АД ЕСМ намалување на трошоците на работа. Токму поради тоа, РЕК „Битола“ планирано работеше само со еден блок, известуваат од  АД „Електрани на Македонија“.

Оттаму појаснуваат дека поради пукната цевка, блокот со кој работеше РЕК „Битола“ испаднал од мрежа.

Електричната енергија е надоместена од сопствените производствени капацитети и не е направена никаква дополнителна набавка на хавариска струја и не е направен дебаланс на системот како што се шпекулира – велат од ЕСМ.

Од компанијата посочуваат дека согласно со планот за производство, се очекува до крајот на неделата да биде ставен во мрежа и вториот блок, додека се очекува на почетокот на следната недела сите три блока да бидат во мрежа, известуваат од ЕСМ.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Видео) Левица Битола: Шминкерски и неупотребливи проекти…

*Објава на Левица Битола КАТАСТРОФАЛНИ ВЕЛО -…

(Видео) Вака изгледаат 500.000 евра во Битола:…

500.000 евра чинела патеката која се сопнува…

ХОРОР во Битола! Внука се обидела да…

Внука се обидела да ги убие сопствените…

24 години од нападот кај Гајре, во…

Денес се навршуваат 24 години од нападот…

МОН ќе чека да заврши кривичната постапка,…

Од Министерството за образование и наука денеска…