Објавено на:

Етна повторно еруптираше, затворен аеродромот во Катанија

t

Вулканот Етна еруптираше во текот на ноќта, поради што беше затворен блискиот аеродром во Катанија, на источниот брег на Сицилија, соопшти италијанскиот Институт за геофизика и вулканологија (ИНГВ).

Вулканот исфрли големо количество чад и гасови до висина од 9,5 илјади метри. Раководството на аеродромот во Катанија најави дека ќе биде затворен до 18 часот по локално време.

Раководството извести дека пепелта ги покрила авионите и пистите и дека работата ќе продолжи кога инфраструктурата повторно ќе профункционира.

„Ги замолуваме патниците да не доаѓаат на аеродромот пред да го проверат статусот на нивниот лет“, соопштија од аеродромот и предупредија на значителни доцнења.

Темна прашина ги покри куќите и улиците низ Катанија.

Етна, висок 3.350 метри, е најголемиот активен вулкан во Европа. Често еруптира, и е под постојан надзор, а неговите спектакуларни ерупции секогаш привлекуваат голем број љубопитни луѓе.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Етна повторно еруптираше, затворен аеродромот во Катанија

Вулканот Етна еруптираше во текот на ноќта,…

(Видео) Црвен аларм на Сицилија: Ерупцијата на…

Ерупциите на италијанската планина Етна и вулканот…

(Видео) Најнова вест: Етна еруптира

Вулканот Етна во Сицилија, Италија почна да…

Вулканска ерупција во Исланд, прогласена вонредна состојба

Експертите изразија стравување дека вулканска ерупција, која…

(Видео) По ерупцијата на Етна “се појави”…

Вулканот Етна на италијанскиот остров Сицилија е…