Етнички Бугари се жалеле на дискриминација во Македонија
Европската комисија против расизам и нетолеранција (ЕКРИ) при Советот на Европа го објави својот извештај за Македонија, притоа во делот говор на омраза се осврна на етничките Бугари.
ЕКРИ во извештајот наведува дека бугарските соговорници се жалат на антибугарскиот говор во Македонија, а како типичен стереотип го навеле „етикетирањето на сите Бугари како фашисти, но и прикажувањето на Бугарките како евтини проститутки“.
ЕКРИ понатаму, како загрижувачки елемент ги оценува, како што се наведува, неколкуте напади врз лица што себеси се идентификуваат како Бугари и врз бугарски културни центри, со оглед на чекорите на властите за укинување на регистрацијата или распуштање некои постојни бугарски културни здруженија.
Се наведува дека бил предизвикан инцидент во клубот „Иван Михајлов“ во Битола од страна на пејач, кој потоа бил ангажиран да настапи на локална прослава.
Во извештајот влезе и клубот „Цар Борис Трети“ во Охрид, односно инцидентот со употреба на огнено оружје, пренесе Макфакс.
Извештајот говори дека во ЕКРИ се свесни дека имињата на Иван Михајлв и Цар Борис Трети се контроверзни и провокативни, но со загриженост забележува дека во март 2023 година Централниот регистар на Македонија го одби барањето на бугарскиот културен клуб „Цар Борис Трети“ во Охрид да го задржи своето име и дека го избриша од регистарот бугарскиот културен центар „Иван Михајлов“ во Битола.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Власта бесрамно се фали со донациите на…
Левица ја оценува како крајно дрска и…
Владата најави ново задолжување од 700 милиони…
Министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска соопшти дека…
Акиов и се извини на службеничката за…
По насилниот инцидент на денешната седница на…
Трагeдија во Охрид: Жена загина кога автомобил…
45-годишна жена од Охрид трагично го загуби…
Владата ќе ги покачува пензиите непосредно пред…
Министерката за финансии, Гордана Димитриеска Кочоска, денеска…