ЕУРОНИКЕЛ утре го прекинува производството?! Гигантот не може да ја издржи кризата!

t

Како што наговестуваше Инфомакс во минатиов период, денес се состанал бордот на директори на ЕУРОНИКЕЛ и одлучиле ФЕНИ да престане со работа.

-Денеска во 10 часот се одржа состанок на менаџерскиот тим, на кој се донесе одлука електро печката за производство на никел која од први јуни е на одржување, да се изгасне најдоцна до утре од 14:00 часот. Вработените да бидат испуштени на 70% плата, а подоцна да одат во технолошки вишок,  дознава “Курир”.

Ваквата ситуација со ЕУРОНИКЕЛ, до овој момент ја прави оваа компанија најголема која е жртва на енергетската криза.

Миле Ѓорѓиев, претседател на Синдикалната Организација при Еуроникел Индустри излезе со свој став за ситуацијата.

-Денес на состанок со менаџментот, бевме информирани за најновиот развој на настаните и одлуките донесени за иднината на компанијата. Имено, после три месеци одржувување во топла состојба и завршени бројни ремонтни активности, во недостиг на решение односно електрична енергија по цена која би овоможила продолжување на работните активности, донесена е одлука за целосно запирање на печката. Ваквата одлука е планска и со цел да се спречи натамошно одлевање на огромни парични средства кои се во милиони евра, а ќе бидат пренаменети во енергетски проекти кои имаат за цел во најкраток рок да го решат снабдувањето на електрична енергија. Во меѓувреме најголем дел од работниците и понатаму остануваат на принуден одмор, а дел останува на работа и е ангажиран на споменатите проекти, при што се применува принципот на ротација на вработените. Ние сме во постојана комуникација со менаџментот на компанијата, тековно сме информирани за сите сегашни и идни чекори и ја даваме целата наша подршка за надмнување на состојбите, а се со цел да се зачуваат работните места на сите вработени. Будно ги следиме и активностите на институциите, жалиме што до денес сеуште нема решение за големите потрошувачи на електрична енергија, кои воедно се и најголеми работодавачи со најголем придонес во домашната економија, и апелираме што побрзо да се излезе со соодветна подршка, со цел да бидат заштитени работниците и да им се обезбеди соодветен социјален статус, вели тој.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ЕУРОНИКЕЛ утре го прекинува производството?! Гигантот не…

Како што наговестуваше Инфомакс во минатиов период,…