Објавено на:

ЕУ ги одложува контрамерките кон САД до август, остава простор за договор

t

Европската Унија ќе ја продолжи суспензијата на контрамерките против американските царини до почетокот на август за да се овозможи простор за договор во трговскиот спор со Соединетите Американски Држави, изјави денеска претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен.

Претседателот на САД, Доналд Трамп, во саботата дополнително ја ескалираше глобалната трговска војна и се закани дека ќе воведе царина од 30 проценти на увозот од Европската Унија од 1-ви август, без оглед на секторските мерки, и покрај интензивните преговори кои траеа со месеци, пренесе агенцијата ХИНА.

Со најавата за суспензијата на контрамерките, Фон дер Лајен рече дека Унијата „ќе продолжи да подготвува дополнителни контрамерки за да биде целосно подготвена“.

Првиот сет контрамерки против американските царини за челик и алуминиум беше суспендиран во април за 90 дена за да се овозможат преговори. Суспензијата требаше да истече во понеделникот.

Втор пакет мерки е во подготовка од мај и е насочен кон стоки од САД во вредност од 72 милијарди евра, но мерките сè уште не се јавно презентирани и конечниот список мора да биде одобрен од земјите-членки на ЕУ.

Фон дер Лајен додаде дека употребата на европскиот инструмент за борба против принудата засега не е на маса.

„Овој инструмент е дизајниран за вонредни ситуации и сè уште не сме во таа фаза“, рече таа.

Инструментот ѝ овозможува на ЕУ да преземе контрамерки против трети земји кои вршат економски притисок врз земјите-членки за да ги променат своите политики.

Можните контрамерки вклучуваат ограничување на пристапот до стоки и услуги на ЕУ, како и други економски мерки поврзани со странски директни инвестиции, финансиски пазари и контрола на извозот.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ЕУ ги одложува контрамерките кон САД до…

Европската Унија ќе ја продолжи суспензијата на…

ЕУ предупредува на контрамерки откако САД најави…

ЕУ е подготвена да преземе неопходни чекори…

Путин го повика Иран да склучи договор…

Рускиот претседател Владимир Путин им кажал на…

Трамп најави царини од 30 проценти за…

Стоките увезени од Европската Унија и Мексико…

ЕФЈ: Слободата на медиумите во Србија се…

Извештајот на Европската комисија (ЕК) за владеењето…