ЕУ ги отвора вратите, од нас се очекува да ја искористиме шансата, вели Маричиќ
Нашите стратешки партнери дејствуваат за напредок на Македонија кон ЕУ и очекуваат да ја исполниме европската агенда, за задржување на динамиката и активноста на пристапните преговори со ЕУ, изјави вицепремиерот за европски прашања Бојан Маричиќ во Њујорк каде претстојува како дел од владината делегација предводена од премиерот Димитар Ковачевски.
-Пораките беа јасни и недвосмислени, сите заедно треба да покажеме дека сакаме и имаме капацитет да ја исполниме нашата стратешка цел, а Соединетите Амерински Држави ќе бидат гласен поддржувач на нашата ЕУ интеграција. За уставните измени и целиот процес на преговори клучен останува политичкиот дијалог, волјата и одговорноста на сите од кои зависи извесноста на нашата европската перспектива, вели Маричиќ во изјава по средбите со специјалниот претставник на ЕУ за дијалогот Белград-Приштина и други прашања на Западен Балкан, Мирослав Лајчак и со американскиот специјален претставник за Западен Балкан и заменик-помошник државен секретар за Европа и Евроазија, Габриел Ескобар.
Маричиќ посочува дека забрзано се работи на конкретните чекори за доближување на регионот до реално членство во ЕУ и дека во следните недели го очекуваат новиот план за раст за Западен Балкан, кој, како што вели, преку забрзување на фундаменталните реформи не само што ќе се забрза процесот на пристапување, туку и ќе се поттикне економскиот раст.
-ЕУ има план со кој ги отвора вратите за забрзано членство, од нас партнерите очекуваат да ја искористиме шансата и да не останеме пред вратата, туку да сме идна држава членка на ЕУ, порача Маричиќ.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Калас: Русија денес нема шанси против ЕУ…
Русија годинава издвои повеќе за војската отколку…
Пицула за БГНЕС: „Српскиот свет“ е опасен,…
„Српскиот свет“ е опасен. Местото на Западен…
Правда „засука ракави“: Изготвени дваесетина закони како…
Со новите измени на кривичниот законик ќе…
Филипче од Атина: Македонија е заглавена со…
Лидерот на СДСМ, Венко Филипче, на меѓународна…
Фон дер Лајен предложи нов пакет санкции…
Во вторник, Европската комисија (ЕК) го предложи…