Објавено на:

ЕУ го пофали Еди Рама за предлогот за ЗСО во Косово

t

Во Европскиот совет е испратен и нацрт текстот за формирање Заедница на општини со српско мнозинство на Косово, кој албанскиот премиер Еди Рама го достави до Париз и Берлин, потврдија за Радио Слободна Европа извори од таа институција.

Дипломатски извори кои го виделе нацртот оценија дека станува збор за „сериозен и квалитетен документ“.

Извори од Брисел на РСЕ наведуваат дека текстот на нацртот е внимателно анализиран и додаваат дека тој се третира како уште еден придонес, слично на другите нацрти направени од различни организации и тинк-тенкови.

Дипломатите во Европската унија наведуваат дека не е толку важно како ЕУ го третира нацртот, туку каков однос имаат Србија и Косово кон него, пренесе Бета.

– На Приштина и Белград е да напредуваат кон исполнување на оваа обврска во рамките на дијалогот, рече еден европски дипломат под услов да остане анонимен.

Премиерот на Албанија, Еди Рама, на прес-конференција соопшти дека на 7 јуни на францускиот претседател Емануел Макрон и на германскиот канцелар Олаф Шолц им доставил нацрт за формирање Заедница на општини со српско мнозинство и на Косово и ги известил претседателот на Европскиот совет, Шарл Мишел и американската страна.

Рама рече и дека не се консултирал со премиерот на Косово Албин Курти за изработка на статутот за формирање на ЗСО.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Многу гордо: Мицкоски договорил заедничка седница на…

Косово и Македонија ќе имаат заедничка владина…

Заедничка акција на македонското и косовското Обвинителство:…

Поради регистрирани неколку случаи на пуштање во…

Рација на косовската полиција во филијалите на…

Косовската полиција изврши рација во филијалите на…

Нов протест на Србите во Косово утре

Жителите на српските средини во Косово утре…

Фејсбук „војна“ меѓу Пацоли и советникот на…

Пацоли во саботата рече дека шефот на…