ЕУ го усвои 15. пакет санкции против Русија
Советот на ЕУ денеска го усвои 15-тиот пакет рестриктивни мерки кои имаат за цел дополнително да ја ограничат способноста на Русија да води војна против Украина. На листата на санкционирани поради заобиколување на санкциите се и деловни субјекти надвор од ЕУ, вклучително и од Кина, Индија, Србија, Иран и Обединети Арапски Емирати.
Новите мерки треба да го решат проблемот со заобиколување на санкциите и да ја таргетираат руската „флота од сенка“. Овие мерки треба да придонесат за слабеење на рускиот воен и индустриски комплекс.
„Овој пакет санкции е дел од нашиот одговор кој има за цел да ја ослабне руската воена машина и оние кои ја овозможуваат војната, вклучително и кинеските компании“, рече високата претставничка на ЕУ за надворешна политика и безбедност Каја Калас.
Таа рече дека ЕУ ќе биде со Украинците на сите фронтови – хуманитарен, економски, политички, дипломатски и воен. „Нема сомнеж дека Украина ќе победи“, рече Калас.
Конкретно, Советот на ЕУ се согласи на листата на санкциoнирани да додаде 54 лица и 30 ентитети одговорни за активности кои го поткопуваат или претставуваат закана за територијалниот интегритет, суверенитет и независноста на Украина.
Меѓу санкционираните се лица одговорни за депортација на деца и пропаганда, како и високи менаџери во водечки енергетски компании.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Зеленски: Поддршката од Русија за Иран ја…
Украинскиот претседател Володимир Зеленски вели дека одбраната…
Украинската армија доби нов командант
Украинскиот претседател Володимир Зеленски денес го назначи…
Експлозија во резиденцијата на норвешкиот амбасадор во…
Експлозија се случила вечерва во резиденцијата на…
ПДПР со демант и објаснување на денешниот…
Реакција и демант По повод видеото што…
Макрадули: Секогаш кога ДПМНЕ е на власт…
*Објава на Фејсбук на Јани Макрадули: -…