ЕУ даде зелено светло за реформската агенда на Македонија: Вредност од шест милијарди евра
Земјите-членки на Европската унија дадоа зелено светло на Реформската агенда на Македонија, која го отвора патот за почеток на предфинансирање за време на унгарското претседателство, беше објавено денеска на официјалната сметка на Унгарија како претседавач со ЕУ на мрежата X.
„Реформските агенди на Албанија, Косово, Црна Гора, Македонија и Србија беа одобрени во согласност со новиот Инструмент за реформи и раст, вреден шест милијарди евра“, се наведува во соопштението.
Ова, се додава, го отвора патот за почеток на предфинансирање за време на унгарското претседателство.
„Поддршката за интеграцијата на Западен Балкан останува клучен приоритет на унгарското претседателство“, се заклучува во соопштението.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
ЕУ даде зелено светло за реформската агенда…
Земјите-членки на Европската унија дадоа зелено светло…
Ѓоковиќ ќе присуствува на последниот турнир на…
Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ изјави дека лично…
Орбан: Унгарците ќе одлучуваат за својата влада,…
Унгарскиот премиер Виктор Орбан денеска изјави дека…
Борел: Нуклеарна војна не може да се…
Високиот претставник на ЕУ за надворешна политика…
Утрово гореле три автомобили во Аеродром
Три возила се запалени рано утринава на…