ЕУ да ја исправи својата грешка и да започнеме преговори, вели Ковачевски

t

ЕУ треба да ја исправи својата грешка и да започнеме преговори, вели во интервју за Ал Џезеира,премиерот Димитар Ковачевски.

-Во однос на јунскиот самит, јас ќе повторам дека не треба да се врзуваме со датуми бидејќи после јунскиот самит доаѓаат нови самити на ЕУ, меѓутоа наша цел секогаш ќе биде интеграција. Ние имавме цел да станеме земја членка на НАТО и успеавме благодарание на тешки одлуки кои ги донесовме. Тие тешки одлуки се однесуваа и на членство во ЕУ, со тоа што ЕУ не го одржа своето ветување за отпочнување преговори со ЕУ за Република Северна Македонија. Сметам дека дури на следниот самит треба да ја исправат таа грешка што беше досега направена – вели Ковачевски.

Според него, Отворен Балкан на ниту еден начин не е замена за европските интеграции туку е иницијатива за поврзување на регионот и за поедноставно и полесно комуницирање меѓу граѓаните, полесно одвивање на трговијата и поголема комуникација како меѓу институциите.

-Процесот што го спроведуваме со Отворен Балкан претставува подготовка на регионот за што побрза интеграција на ЕУ и ја има поддршката и од Брисел и од Вашингтон – истакнува тој.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Калас: Русија денес нема шанси против ЕУ…

Русија годинава издвои повеќе за војската отколку…

Пицула за БГНЕС: „Српскиот свет“ е опасен,…

„Српскиот свет“ е опасен. Местото на Западен…

Правда „засука ракави“: Изготвени дваесетина закони како…

Со новите измени на кривичниот законик ќе…

Филипче од Атина: Македонија е заглавена со…

Лидерот на СДСМ, Венко Филипче, на меѓународна…

Фон дер Лајен предложи нов пакет санкции…

Во вторник, Европската комисија (ЕК) го предложи…