ЕУ донираше 35 милиони евра за Србија за изградба на железничка обиколница околу Ниш
Претседателот на Србија, Александар Вучиќ изјави дека железничката обиколница околу Ниш ќе биде „голема работа“ за тој град и за целата земја и се заблагодари на ЕУ што донирала 35 милиони евра за реализација на проектот. Во обиколката на подготвителните работи за изградба на обиколницата, Вучиќ рече дека државата многу вложува во Ниш бидејќи е важен град, објави Бета.
„Го менуваме ликот на Србија и создаваме помодерна Србија и побогат југ. Ја намалуваме таа разлика. Платите во Ниш се значително зголемени во однос на 2012 година и ќе продолжат да се зголемуваат“, рече Вучиќ. Според него, таа обиколница ќе ги спаси животите на многу жители на Ниш, бидејќи пругата нема да минува низ градот, па безбедноста ќе биде поголема. Шефот на делегацијата на Европската Унија (ЕУ) во Србија, Емануел Жиофре, рече дека Ниш е важен економски центар и додаде дека обиколницата дополнително ќе го стимулира развојот на цела Јужна Србија.
Вкупната вредност на работите е 153 милиони евра, а средствата се издвоени од српскиот буџет, заеми од Европската инвестициска банка и од фондовите на ЕУ.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Калас: Русија денес нема шанси против ЕУ…
Русија годинава издвои повеќе за војската отколку…
Кина меѓу главните земји од кои се…
Увозот во Косово во периодот јануари-април 2025…
Пицула за БГНЕС: „Српскиот свет“ е опасен,…
„Српскиот свет“ е опасен. Местото на Западен…
Чевртина од членовите на САНУ бараат Вучиќ…
Група од 25 членови на Српската академија…
Правда „засука ракави“: Изготвени дваесетина закони како…
Со новите измени на кривичниот законик ќе…