ЕУ дочека Грција да ѝ се спротивставува: “Ние сме против намалување на потрошувачката на гас”
Ставот на Грција дека не се согласува со предлогот на Европската комисија за намалување на потрошувачката на гас за 15 отсто, уште еднаш го повтори портпаролот на грчката Влада Јанис Иконому на денешниот редовен брифинг со новинарите и додаде дека земјата ќе се стреми да биде изземена од евентуалната одлука, доколку таа се базира на потрошувачката во изминатите пет години.
Во пресрет на утрешниот состанок на министрите за енергетика на земјите членки на Европската Унија, Иконому објасни дека онака како што е формулиран предлогот на ЕК и ја зема предвид просечната потрошувачка во последните пет години, „е предлог што не може да биде прифатен од Грција”.
-Бидејќи, во суштина, за нашата земја, ова значи намалување за повеќе од 15 отсто. Значи намалување од 24 проценти. Утре Грција ќе се стреми кон промена на овој предлог. Ќе се стреми нашата земја да биде изземена од ова намалување. Она за што ние би разговарале, би било основата за споредба да е минатата година, а не просекот од последните пет години. Сметаме дека предлогот на Европската комисија, онака како што првично беше формулиран, е предлог што не може да биде прифатен од нашата земја од причините што ви ги кажав. Грција утре ќе се стреми да биде изземена од ова, објасни Иконому.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Драматични слики од Грција: Пожарот зафати околу…
Пожарникарите во Грција повеќе од 24 часа…
ЕУ на помош во Грција – пожарите…
Европската унија денеска соопшти дека четири земји-членки…
Силен земјотрес во Грција
Земјотрес со јачина од 4,3 степени според…
Во сообраќајка во Грција повредено четиричлено семејство…
Четиричлено семејство од Македонија е повредено во…
Турист почина по каснување од пајак во…
Маж кој бил каснат од отровен пајак…