“ЕУ за општините” – Кои македонски градови ќе користат европски пари за реализација на капитални проекти?

t

Владата соопшти дека започнува со реализација на проектот “ЕУ за општините”, со кој ќе се разлизираат капитални проекти во неколку општини во Македонија и градот Скопје.

Ова е владиното соопштение:

“На првата седница на Управниот комитет на проектот “ЕУ за општините” со кој претедава министерот за локална самоуправа, Горан Милевски беше потврдено дека во наредните три години во општините Велес, Радовиш, Тетово, Аеродром, Врапчиште, Охрид, Струмица и градот Скопје ќе се реализираат големи иновативни проекти во вкупна вредност од 5,5 милиони евра.

Средствата за реализација на проектите ги обезбедува Европската Унија, а кофинансирањето од 15% го покрива Министерството за локална самоуправа со поддршка на Швајцарската агенција за развој и соработка.

„Благодарение на поддршката од ЕУ, со реализацијата на овие проекти ќе се направи суштинска промена во квалитетот на живеење во овие општини. Министерството за локална самоуправа тргнувајќи од интересот на општините и бенефитот за граѓаните го прифати предизвикот да го обезбеди кофинансирањето од 15%, во што ни помогна Швајцарската агенција за развој и соработка, со што им даваме шанса и на помалите општини коишто самостојно тешко ќе можеа да ги обезбедат овие средства”, рече министерот за локална самоуправа, Милевски кој ја истакна и големата корисност од техничката поддршка што ја обезбедува Европската Унија како гаранција за успешно имплементирање на проектите.

Претставникот од Делегацијата на ЕУ, Штефен Худолин забележа дека општините покажале голем интерес, со 58 апликации на јавниот повик.

„Ова е голем успех за нас, затоа што во пракса, две третини од средствата на ЕУ за поддршка на државите се имплементираат на локално ниво. Колку подобро ќе се организираме, толку подобро ќе се одвива процесот на апсорбсија на средствата, а во пракса земјите што се поподготвени за реализација на ЕУ средствата, побрзо се движат во процесот на интеграција во Европската Унија”, рече Худелин, кој истакна дека ЕУ е најголемиот донатор во земјата и 40% од ИПА буџетот се имплементира во општините.

„Проектот ЕУ за општините им помага на општините, но и општините покажаа успешност со понудата на проекти од високо иновативен карактер во сферата на урбаната мобилност, заштита на животната средина, социјалната инклузија. Не само овие, сите општини треба да добијат поддршка, искрено се надевам дека на крајот сите ќе бидеме задоволни од имплементацијата на проектите”, рече претседателката на ЗЕЛС и градоначалничка на Скопје, Данела Арсовска.

„Поврзувањето на општините со Европската Унија е важно за развој на нови иницијативи како што се и овие проекти коишто се резултат на доследна проценка на потребите на граѓаните”, рече претставничката на Секретаријатот за европски прашања, Зуица Змејковска.

Координаторот на програмата “EУ за општините”, Карл Џацинти информираше дека постојат можности за финансирање и на нови проекти за подобрување на транспарентноста во спроведувањето на јавните набавки, за изработка на локални планови за обновливи извори на енергија, а Европската Унија има и многу други програми коишто им стојат на располагање на општините.

Од одобрените осум проекти, два нудат иновативни решенија за управување со цврст отпад, два проекти се за подобрување на урбаната мобилност, и по еден проект за социјална инклузија на лица со попреченост, за дигитализација на локалните услуги, за енергетска ефикасност и за иновации за развој на туризмот. Додадена вредност на проектите е што се имплементираат во соработка со граѓанскиот сектор и со општини од земји членки на ЕУ, со можност проектите да се реплицираат и во други општини во државата. За размена на искуства и за поддршка на имплементацијата ќе биде креирана електронска платформа која што ќе им биде достапна на сите општини и на надлежните институции.”

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ЕУ мобилизира дополнителна помош за борба против…

По упатеното барање за помош од Македонија,…

Ова се најзадолжените држави во ЕУ!

Долгот во еврозоната е во пораст, покажуваат…

ЕУ ќе ѝ префрли на Украина 1,5…

ЕУ ќе и префрли на Украина 1,5…

Секој петти автомобил во ЕУ ќе функционира…

Српскиот литиум, привлекува големо внимание во последните…

Унгарија ја тужи ЕУ

Унгарија ја тужи Европската Унија, со цел…